Колумни

„Тресе“ Бранко, а? Допрва ќе видите!

Мислев дека многу добро го познавате, ама сум се излажал. На никој никогаш не му останал должен, па нема ниту на вас.

Не го каневте на годишнини, на прослави, на конгреси, на разни промоции на кандидати за пратеници, градоначалници, на митинзи.

Не се посоветувавте ама баш за ништо со него, за да го искористите неговото искуство, остроумност, ниту за најкрупните одлуки.

Напротив, на почетокот тивко и срамежливо се дистанциравте од него, за подоцна јавно да го нападнете и понижите. Не знам, ‘„потрошен“, ваков, онаков…

Заборавате дека тој е иконата на СДСМ и дека така ќе остане засекогаш, колку вие и да не сакате или одбивате тоа да го сварите.

Впрочем и Зоран Заев и Радмила Шекеринска се непослушните деца на БЦ. Тие беа поголеми бранковисти од мене, од вас, и ги добија најголемите партиски и државни функции.

Ама заборавивте…

Сите ние кои во изминативе години покажавме почит кон Бранко, нè направивте државни и партиски непријатели. Како никогаш да не сме биле дел од СДСМ.

Мислев дека многу добро го познавате, ама сум се излажал. На никој никогаш не му останал должен, па нема ниту на вас.

И сега, нормално е да стравувате повеќе од БЦ, отколку од ДПМНЕ.

Старите велат, кој што дробел, ќе си срка…

Некој рече, ‘„тресе“ Бранко.

Јас велам, допрва ќе „тресе“.

 

(ФБ статус на авторот)



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 09:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.