Живот

ТРЕБА ХУМАНОСТА ДА СЕ НОТИРА, ДА СЕ ПОФАЛИ И ДА СЕ ШИРИ, БРАВО ОТЕЦ ОЛИВЕР!

Фотографија на Oliver Petrovski.

Отецот Оливер од црквата во Драчево  води хуманитарна организација која барем во Скопје на сите им е позната, сакам само да им се заблагодариме, да нотираме и да ве повикам да продолжите да донирате, а тие да помагаат! Хуманитарното здружение е под МПЦ

Драги браќа и сестри! Собирањето на средствата за помош на нашите браќа и сестри кои заради Корона вирусот останаа без основни средства за живот ќе трае само уште 36 часа, т.е. до утре (четврток 07.05.2020) до 23.45 часот, па ве замолувам за активно учество. На 08.05.2020(петок) планираме да ја направиме уплатата во Стокомак од каде ќе ја набавиме храната и хигиенските производи и откако ќе ги спакуваме, ќе почнеме со поделба на помошта која ја обезбедивте вие. Целата акција ќе биде документирана и сликите ќе бидат објавени на нашата фб страница за целосна транспарентност.
Ви благодариме на сите кои се вклучивте во оваа акција на било кој начин и Бог да ве благослови!!!

На сите припадници на полицијата им го честитаме 07 мај – ден посветен на Македонската полиција, т.е. на оние кои што се подготвени да го жртвуваат и сопствениот живот за секој од нас. И вечерва (38 ноќ) нашите волонтери ги посетија полициските пунктови во Скопје и на нашите чувари на безбедноста им поделија топло кафе и чај, како и грицки од нашите пријатели од Vitaminka. Бог постојано да биде со секој од Вас, чувајќи ве од сите опасности и искушенија!!!

Фотографија на Oliver Petrovski.

Фотографија на Oliver Petrovski.

Фотографија на Oliver Petrovski.

Фотографија на Oliver Petrovski.

 



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.