ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ВО НЕГОТИНО ДИВА СВИЊА УБИЛА ЛОВЕЦ
Пред неколку часа дознаваме дека се случил трагичен настан во неготинско татко на две малолетни деца ловец во утринскиот лов загинал удрен од дива свиња имено според ловците присутни на лице место негов другар раскажувал дека несреќниот ловец пукал во дивата свиња два пати ја промашил потоа вепарот го удрил ловецот од јачината на ударот несреќникот одлетал на горе удрил во карпа и останал на лице место мртов.
Жител на село Долни Дисан починал денеска од повреди од дива свиња кон која пукал, а не ја погодил, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
– Во СВР Велес е пријавено дека околу 8 часот во близина на селото Вешје-Неготино, при лов на дива свиња, Т. Т. (1971) од село Долни Дисан, испукал еден куршум кон дива свиња, но не успеал да ја погоди, пo што таа го нападнала нанесувајќи му повреди, по што тој починал на лице место, појаснуваат од МВР
