Црна Хроника

Трагедија во РЕК Битола: Загина 38 годишен работник

Трагедија во РЕК Битола: Загина 38 годишен работник

Од РЕК Битола информираа дека синоќа во рудникот Суводол загина работник.

Со длабоко жалење известуваме дека синоќа, при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби работникот Т.К., 38 години. Покојниот бил работно ангажиран преку надворешна фирма во РЕК Битола како ракувач на булдожер и изведувал задача на поместување на јаловински маси. Во моментот на насреќата, од се уште неутврдени причини, работникот го напуштил булдожерот, истовремено дошло до одронување на земја која го затрупала, при што исходот бил со смртни последици.
Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи извршија увид на местото на несреќата, а согласно процедурите за расчистување на околностите под кои се случил трагичниот настан, земени се и изјави од колегите и претпоставените на починатиот.

РЕК Битола упатува длабоко сочувство до семејството на загинатиот.

Јавноста ќе биде известена за наодите на наделжните органи по завршувањето на законски предвидените дејствија”, се вели во соопштението.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 09:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.