Македонија

Топло време со УВ индекс 8, попладне невреме со пороен дожд, ветер и град

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветер, особено во западните делови.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, слично време со појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.