Живот

ТИМЧО МУЦУНСКИ: ЈАС ПЕРАМ И ПЕГЛАМ, А ЖЕНА МИ ПИЕ ВО КАФАНА ТАКА СМЕ ПОДЕЛЕНИ

папучар

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски беше гостин во емисијата Магазин на ТВ Сител, и разговорот во студиото го започна неформално, со приказна како му почнува и како му поминува еден обичен ден.

– Утрото ми почнува некаде околу 7-7.30, се будиме, се подготвуваме за аактивностите што почнуваат, подготвување за градинка, јас ја имаам таа одговорност, го носам син ми секое утро во градинка, и генерално, искрено да ви кажам, помалку телевизија, повеќе преглед на вестите ни е користејќи ги онлајн медиумите.

Иако сум во телевизиски медиум ќе речам дека гледам телевизија најчесто да се информирам за случувањата во Република Македонија…“, рече Муцуунски.

-Често гледав политички дебати, особено кога бев помлад, тогаш растев надвор од Македонија, живеев во САД, во Канада, и често гледав CNN, различни дебатни емисии, една специфичност од моето детство, можеи нешто атипично за дете, секогаш сум имал посебен интерес за општите политички случувања, не само во Македонија, туку пред се и надвор од Македонија“, рече тој.

Муцунски рече дека животот му се сменил откако станал градоначалник, но како што рече: Јас сум го избрал ова и овие обврски кои сум ги преземал се мој избор, и не се жалам. Одам дома најчесто доста доцна, за што имам нормално како и секој човек забелешки од сопругата, но таа ги разбира сите тие предизвици со кои што се соочуваме.

Но, тие забелешки се повеќе на зборови, но најчесто таа некоја минимална лутина ако ја има брзо завршува, нормално е тоа. Потоа со семејството ја поминувам вечерта. Дали е тој играње со малиот мој три ипол годишен, дали е тоа читање на некоја книга.

Во последно време уживам во книгите за Биби и Боби, тие ни се апсолутен хит во моментот.

Потоа, откако ќе заспие синот, најчесто да се видиме со сопругата, да завршиме некоја работа, да подсредиме малку, бидејќи двајцата сме со некој ангажман, да исчистиме, и ако имаме време барем пола саат пред легнување да прочитаме некоја книга. Во принцп, јас имам една навика, читам по повеќе книги наеднаш“, рече Муцунски.

Потоа додаде дека од сопругата и од синот како честитка за победата на изборите ја добил „Ветена земја“ од Барак Обама на англсики јазик и таа е втората книга што во моментов ја чита. „Јас имам што би рекле моите најблиски многу лош вкус за музика. Јас ја сакам онаа типична поп музика, оние најактуелни хитови што се во моментов, нив ги слушам.

Исто така сакам македонска музика, и често ја следам македонската естрада долги години, така да во тек сум секогаш со нашата поп музика која што мислам во последниот период не инвестираме во нејзе и немаме доволна продукција на нови македонски поп песни, и тука би требало и државата малку да помогне, порано имало многу добри проекти во таа наскоа, бидејќи и на тие уметници им треба помош и поддршка.

Така да, во прва прилика кога ќе бидам во можност, посебно на оние уметници кои се во општина Аеродром, имаме ние феноменални музички имиња и ќе спомнам неколку:

Некст тајм, ДНК, Лина Пејовска, Таско, значи од најактуелни пејачи аеродромци се голем дел, и ќе гледам колку што можеме и ние како општина, земајќи ги во предвид ограничените ресурси кои ги имаме, бидејќи го сакам тоа и имаат капацитет да понудат многу“, рече Муцунски.

Потоа рече дека пријатели од детството му се во САД и во Канада. „Јас се враќам во Република Македонија за студирање, тоа е еден чуден избор што многумина не го очекуваат, кога завршив средно училиште, бидејќи имав многу можности и понуди да студирам надвор, но тоа беше еден зибор за кој не се каам, една многу правилна одлука, која сам ја донесов.

Моите родители имаа поделени ставови, еден став имаше татко ми, еден мајка ми, така што без никаков притисок, сам ја до донесов одуката, имав чест и привилегија да учам од едно од најдобрите професори на Правен факултет, каде што и сега работам како доцент“, рече Муцунски.

-Јас кога се запишав на факултет бев 16 години, и потоа кога почнав со студии веќе бев 17 години, проблем беше првите излегувања кога требаше во диско да се оди, немав лична карта, немав 18 години, сето тоа беше малку икногнито, но создадов голем број на пријатели со кои што денес имам комуникација“, рече Муцунски кој дипломирал на 19 години.

Потоа рече дека со сопругата по дома немаат некоја типична поделба на обврски. „Но,кога сме веќе кај поделлба на обврски, јас сум одговорен за пеглањето, тоа е еден поинтересен податок за нашето функционирање, имаме можеби некои мали поделби кој што прави, но генерално нема некоја поделеност во задачите.

Јас сум најверојатно третата референца. Прво Иан, па сопругата, мојот збор е последен, и тоа е нормално во секое семејство. Јас ја средувам облеката, но одговорен стилист ни е сопругата Симона. Нејзините совети, и досега нема утка, таа по природа многу сака уметност, естетика.

Исто така ми помогна во кампањата многу, ангажираше на своја лична основа еден феноменален млад фотограф којшто ќе искористам прилика да го спомнам Антонио Станков, бидејќи такви млади луѓе во делот на уметноста исто така од државата треба да добијат максимална поддршка, така да сопругата во делот на стајлингот е одговорна, јас да ги испелгам работите кога ќе дојде делот пред носење“, рече Муцунски.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.