Црна Хроника

Тешка сообpaќајка на улицата „Скупи“: Се судриле две возила, трето возило го прегазило полицаецот кој го обезбедувал местото

Вистинска сообраќајна драма се случувала вечерва на скопската улица „Скупи“, која е затворена за сообраќај поради полициски увид, дознава КУРИР.

Во близина на Канал 5 се судриле две возила, а веднаш потоа друго возило удрило во полицаец кој ја обезбедувал сообраќајката. Според првичните информации на КУРИР, за среќа, полицискиот службеник се здобил со полесни повреди.

За останатите лица кои учествувале во сообраќајката се уште нема информации дали се повредени.

-При обезбедување на сообраќајна незгода меѓу две возила, во близина на Канал 5 Телевизија, друг возач со возило удрил во полициски службеник што обезбедувал на лице место и истиот се здобил со повреди, информира за КУРИР портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Повеќе информации најавуваме во текот на утрешниот ден.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.