Занимливости

Темелков од Канада бара барикадисти-доброволци за да ја спасува Македонија!

ИЗВОР ФОКУС

Велешанецот Боби Темелков, кој околу две децении живее во Канада, и беше иницијатор и еден од организаторите на протестите за ослободување на осудените за нападот во Собранието, најави блокади низ целата земја, на регионалните патишта. Тој бара доброволци кои ќе учествуваат во барикадите, и подготвил формулар за пријава за потенцијалните учесници.

Како што е наведено во формуларот, ќе се блокираат патишта и институции, со цел цел да се одбрани демократијата, јазикот и историјата.

-Блокираме се што ќе ја распродава Македонија, се што го уништува македонскиот народ! Доста е со немо гледање како пред наши очи продаваат се што не е нивно, се што не е наше, се што од дедовци сме во обврска да го оставиме на идните поколенија Македонци. Одбрани ја демократијата, одбрани го јазикот и историјата, ова е борба на Македонецот за Македонецот – пишува во онлајн апликацијата, на која можат да се пријават барикадистите.

Темелков е претседател на Светски Македонски Конгрес – Канада, и во минатото организираше низа на настани и банкети, на кои се собираа донации, за како што појаснуваше, одбрана на името. Исто така, во два наврати организираше акции за собирање на парични средства за семејствата на осудените за нападот во Собранието.

Така на пример, пред три години, беше дел од организацијата на коктел на кој се донираа средства за поддршка на кампањата за бојкот на референдумот за промена на името, и биле собрани дури 145.000 канадски долари. Тогаш информираа дека средствата им биле потребни на организациите за логистика, јавни настапи и протести.

-Борбата продолжува, можеби нема да победиме, но барем ќе остане запишано дека некои луѓе пробале да ги запрат сите погубни договори за раздавање на македонските национални интереси! Пријави се и биди дел од браникот на Македонија, пријави се за блокади за одбрана на Македонија – од Канада апелира на социјалните мрежи велешанецот.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 10:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.