Македонија

Телеком ја осуди објавата на Дардишта: Очекуваме реакција од Владата, таа ја постави

Македонски Телеком преку соопштение се огради од, како што наведе, приватниот став на Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук.

Таа е актуелен член на управниот одбор на Македонски телеком од ДУИ.

„Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски Телеком“, наведува македонски Телеком во соопштението.

Шкодране Дардишта, поранешната директорка на службата за општи работи на Клиничкиот центар, поранешен член на УЧК и актуелен член на управниот одбор на Македонски телеком од ДУИ, незадоволна од развојот на настаните на политичката сцена, упати закани преку својот профил на Фејсбук.

„Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него“, напишаа таа.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.