Текстот за Елена Митева не им се допаднал на Висар Вишка и на неговата поранешна сопруга та преку кјур
висар вошка попуши ни
Посебниот советник на премиерот за организирање на медиумски настани, Елена Митева, преку смс порака ja навредила новинарката која пишува за нејзиниот ангажман во Владата, но и приватните тезги во маркетинг агенција.
За анализата на Маја Јовановска од ИРЛ за денешниот текст во којшто тема на анализа е деловната етика на Митева, поранешната водителка на Утринска на Телма вели дека е приказна која не држи вода.
Срамота. Се извадено од контекст. Ама важно имате приказна која нема никакви аргументи и не држи вода. Ептен сте истражувачки новинари. Секоја чест, гласи пораката на Елена Митева до авторот на текстот Маја Јовановска.
Поранешниот сопруг на Митева, актерот и поранешен директор на Гостиварскиот театар Висар Вишка, посвети фејсбук статус на текстот, во кој пишува дека текстот е плод на „скриената омраза на некоја жена кон друга жена само заради тоа што е жена”, „обид да се спречи една самохрана мајка да заработи парче леб од друга жена која што не знае како е да си самохрана мајка” и сл.
Уредничкиот коментар на реакциите на поранешниот брачен пар ТУКА
