Свет

Ташев: Владата во Скопје шири лажни вести, Макрон не дал рок за почеток на преговорите

Емануел Макрон не им дал рок на Бугарија и на Македонија да постигнат договор за почеток на преговори за членство на нашиот југозападен сосед во ЕУ. Скопје шири лажни вести.

Ова за „Бугарија ON AIR“ го изјави експертот од „Институтот за популациски и хуманитарни студии“ при Бугарската академија на науките, доц. Спас Ташев, пренесува Експрес.

Баравме официјален извор на оваа информација и не најдовме такви зборови на францускиот претседател. Скопје е фабрика за лажни вести. Нема документ од Макрон до француските амбасадори во ЕУ дека до 14 декември ќе почнат преговорите за евроинтеграциите на Скопје –  вели Ташев.

Тој е дециден дека Македонија не сака бугарската економија да влезе на нивниот пазар и за тоа дава пример со галиите во коритото на Вардар од кои една беше на бугарски инвеститор.

Градоначалникот на Скопје кој ги загуби изборите си постави за цел да ги уништи и го стори тоа. Бугарија не реагираше соодветно да ја заштити оваа инвестиција – вели доцентот Ташев.

Извор: Експрес



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 22:30 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.