Македонија

Таравари: Бројката за цензус не е исполнета

Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, вели дека бројката на излезност, односно 620 000 гласачи кои излегле на референдумот не треба да се потценува.

Тараври во Отовреното студио на Алфа вели дека иако законски не е исполнета бројката за исполнување на цензус, т.е. 50 + 1 процент, сепак не смее да се занемари и оваа бројка на гласачи кои излегле на референдумот. Тој вели дека правеле споредба за општина Гостивар дека на локалните избори процентната излезност била 42%, а сега е 32%, тие 10 % кои се помалку, според Таравари се должи на иселувањето.

Тој повтори дека тие како партија биле против референдумот, бидејки како што кажа тој чинел пари. Таравари истакна дека тие и на лидерската средба во клубот на пратеници, истакнале дека сметаат дека референдумското прашање е комплексно, и дека треба да биде едноставно. Таравари очекува дека ни претстои интересна есен, и дека не знае дали и како ќе гласаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните промени во Собранието, бијдеки без нив не можа да се изгласаат промените, па доколку нема разврска, според Таравари како што вели не гледа друга опција освен предвремени парламентарни избори. Истакна дека сепак сметал дека би било поубаво да се формирала широка коалиција која ќе го огранизира референумот.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 05:23 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.