Тарантино: Знаев што правеше Вајнстајн, можев да преземам нешто. Сега ми е срам
Филмскиот режисер Квентин Тарантино изјавил дека знаел што им правел продуцентот Харви Вајнстајн на жените и дека сега му е срам што не реагирал за сексуалните вознемирувања и напади.
– Знаев доволно за да направам нешто повеќе – рекол Тарантино во интервју за „Њујорк тајмс“, наведувајќи неколку случаи.
Тој посочил дека она што го знаел за Вајнстајн не се гласини и прказни од втора рака, додавајќи дека жали што не презел одговорност за она што го првел продуцентот со кој соработувал на многу филмови.
– Да го направев она што требаше да го направам, не би соработувал со него – рекол режисерот, додавајќи дека за неговото недолично однесување слушнал одамна.
Неговата поранешна девојка Мира Сорвино му рекла дека продуцентот ја вознемирувал и додал дека уште една актерка му зборувала за продуцентот, како и дека знаел дека актерката Роуз Мекгован постигнала спогодба со Вајнстајн.
