Колумни

Тандем Бујар & Коста на итриот Дачиќ му врачија подарок вреден 1 милијарда евра, аферим на глупоста!!!

Нов скандал ја потресува Македонија, повторно на голема врата излегува глупавата дарежливост на културни богатства кој ги поседува на своја територија Македонија!? Да вратиш нешто што е во твоја лична сопственост, а истиот предмет си го отуѓил на незаконит начин, секако дека би било чин за поздрав, но да вратиш нешто што припаѓа на целата нација, претставува чин на глупост!

Доколку од 1919 година па се до 1941 година, тогашните српски окупатори (или Администратори,кој како милува) , ги испразнаа сите вредни артефакти од назначајните археолошки локалитети во Македонија и денес тие артефакти се чуваат во националниот музеј на Р.Србија, денес под покровителство на министерот за надворешни работи Бујар Османи и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески,Србија далеку од очите на македонската јавност ,го доби можеби највредниот артефакт , кој не успеа да го врати цели 70 години.

-Во 1953 година на падините на таканареченото Горичко кале крај Охрид започна изградбата на велелепен резидентен објект, а за потребите на тогашниот престедател на СФРЈ Јосип Борз Тито, или попозната низ поновата историја на Охрид како Титова Вила, а денес Вила Биљана.

Изградбата на тогашната Титова Вила, се одвиваше под будно око на Јованка Будисавлевиќ -Броз. Буквално вилата се опремаше со најлуксузен намештај од луксузно дрво, кој за таа цел се допремуваа во Охрид од Италија, САД и Куба.

Еден битен сегмент на самата вила, претставуваше велелепната влезна ограда, која во 1961 година со посебен воен превоз, беше допремена од Белиот Двор од Београд и беше уградена во тогашната Титова Вила, која ограда беше допремена по лична желба на Јосип Броз Тито.

Но која е историјата на оградата која Бујар Османи  свечено му ја врати на Ивица Дачиќ, без претходно одобрување од Завод и музеј Охрид, Дирекција за заштита на културно историски наследство, без одлука на Министерството за култура итн???

Болшевиците во 1918 година ги стрелале царот Николај Втори и неговото семејство. Погубени биле и други членови на царската династија. Под ветровите на Октомбарската револуција и првата светска војна во Београд пристигуваат бројни реливии кој биле во сопственост на Романови.Така во 1918 година во Београд пристигнува една од највредните Христијански реликвии-раката на Свети Јован Претеча, која реликвија по желба на мајката на рускиот Цар Николај II Марија Фјордова добесена е во Београд и предадена на чување на кралската лоза Караџорџевич, која имала тесни родбински врски со Караџорџевиќ.

Сите реликвии во сопственост на Романови од Русија во Србија ги носи командантот на Царска Гарда Барон Петер Николајевич Вранглер, кој со царската војска во егзил најнапред доаѓа во Сремски Карловци, каде и ја подигнува Руската православна црква, за година дена покасно да дојде во Београд, каде се наметнува со својата гарда како битен сегмент во општествено политичкиот сегмент во Србија и кралството СХС. Со себе ја носта и Круната на Романови, како и фрагмент од светото Лонгиново копје на Свети Лонгин.

Заедно со Барон Петер Николајевич Вранглер во Белград пристигнува Академик Николај Краснов, кој по барање на Регентот Александар, изготвува идејно решение на тогашниот Дом на народното собрание на СХС. Николај Краснов претставувал водечки архитект на Руската Империја, а домот на народното собрание на СХС во Београд и оградата ја гради по примерот на оградениот дел Зимскиот дворец на Романови во Санкт Петерсбург од каде во 1924 година во Београд е допремен дел и од оградата на замокт која имала непроценлива вредност.

Денес господинот министер за надворешни работи Бујар Османи и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, доброволно, онака лежерно го предадоа и највредниот артефакт кој се наоѓаше во Охрид, го побарал Ивица Дациќ, ама наши дечки со чудна македонска генетика, поитаа да славно утрински му ја врачат бесценетата ограда, згора на тоа и бесплатен туристички паркинг ќе сме им даделе на туристите?! 

Дали воопшто знаете што предадовте? Жално но вистинито, некогаш ни отимаа на сила, денес силата ја заменија со политичка глупост!? Ќе одговара ли некој во оваа вукојебина за ваквите избрзани чекори? Предадената ограда е вредна над 1 милијарда долари, другите делови од оградата се наоѓаат на Ловечен, Бриони, во Дворец „Тиквеш“ во Хрватска, во Титова вила во Бугојно, како и во резиденцијата во Брдо кај Крајн! Останува да водиме дали и другите министри за надоворешни работи и градоначалници, ќе бидат дарежливи како нашиот тандем Бујар & Коста?

С.Денесовски Ohrid sky



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 22:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.