Живот

Така сакал син му: Заев откри на што се должи новиот вмровски летен имиџ

Така сакал син му: Заев откри на што се должи новиот летен имиџ

Последниве денови најкоментиран е новиот имиџ на премиерот Зоран Заев, кој во овие летни денови реши да пуши брада. ММС го праша премиерот на што се должи неговиот нов имиџ – зрелост, лабаво во летните денови, ги следи светските трендови на мажите или, пак, можеби дефинитивно вака во иднина ќе изгледа.

Па нека се коментира слободно. Како и секој маж, така и јас, малку да го одморам лицето во текот на летото. Летен имиџ. А сакам да ја исполнам желбата на синот. Последниот викенд бев со нив, не се бричев и малку ми порасна брадата. Син ми рече: Тато, остави ја малку брадата, никогаш не сум те видел со брада, остави ја малку, па потоа ти одлучи си!. Така да, идејата дојде од синот и сакам да му ја исполнам желбата. И убаво е, штедам 20 минути наутро. Веројатно со годините е и зрелост ама полесно е – рече Заев за ММС.

Откако е премиер Заев втор пат внесува новина во неговиот имиџ. На последните избори во хотелот „Белви“ каде беше сместен штабот на СДСМ, по прогласувањето на победата тој пред медиумите за прв пат се појави со очила. И тогаш јавноста мислеше дека очилата се дел од неговиот имиџ, не потреба.

Е, очилата се веќе со годините. Очилата ми се веќе потреба и си ги носам постојано со мене – рече Заев за ММС.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:30 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.