Балкан

„Свекорот“ на Цеца се огласи за врската со неговиот син кој е девет години помлад од неа

Како бо -мба одекна веста дека Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) има момче Богдан Срејовиќ (38), кој е девет години помлад од пејачката.

Се запознале на еден роденден, а а пејачката не сакаше да зборува за нејзиниот приватен живот.

– Не сакам да го коментирам мојот приватен живот – кратко рече Цеца.

Јавноста денес дозна дека Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе некое е во врска со време се забавува со младиот бизнисмен Срејовиќ, а сега се огласи и неговиот татко Милош Срејовиќ (64).

Поранешниот југословенски атлетичар, специјалист за скок во далечина, за Курир изјави дека неговиот син не му кажал ништо за неговата нова љубов, а исто така истакна дека го поддржува секој негов избор.

– Неблагодарно е да го коментирам тоа. Тие се возрасни, зрели луѓе, кои знаат да се грижат за себе. Колку што можев да кажам, тие се среќни и задоволни. Тоа е заедничка приказна и не би се мешал во неа.

Морам да кажам дека не сум го чул и видел Богдан толку среќен и задоволен, па претпоставувам дека сè е во совршен ред – љубезно рекол поранешниот атлетски шампион.

На прашањето кога дознал дека неговата син е вљубен во Ражнатовиќ, Милош за споменатите медиуми изјави дека ги прочитал вестите во медиумите.

-Вчера дознав од медиумите дека мојот Богдан се забавува со Цеца.

Не ми го спомна претходно, кога последен пат се слушнавме, ми рече дека ќе видиме и ќе разговараме наскоро. Требаше да дојде дома за Божиќ, но беше спречен.

Инаку, Богдан има ќерка Искра, за која е многу приврзан и беше оженет со Зорана Тасовац, инаку сегашна девојка на Саша Ковачевиќ.

Богдан и Зорана се разведоа пред пет години, но поради нивната ќерка тие останаа во добри односи.

Веста за љубопвта на Цеца и на Богдан прва ја објави емисијата „Папарацо лов“.

Тие ја следеле Цеца од дома до местото каде што се имаше состанок со Боградн. Откако се гушнаа, тие се фатија за раце и заедно влегоа во еден ресторан.

Фото: Фејсбук, Јутјуб принтскрин- „Папарацо лов“



Македонија

Заболени
103,020
+233
Мртви
3,144
+7
Излечени
91,507
Активни
8,369
Last updated: 01/03/2021 - 17:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.