Колумни

Сус бе Талат, веднаш пиши оставка! Или ќе дојдеме цела екипа и ќе те….

Скандалот со ланската официјална средба со кадировци во нашиот парламент сериозно ја компромитира Македонија во очите на нејзините западни сојузници. Одговорност мора да има. Итно!

Не знам што ѝ ветил собранискиот спикер Талат Џафери на делегацијата од Чеченија, што ја примил на 10 јули 2021 година. Битно ли е тоа?

Сигурно не им викал „сус“ и не ги пцуел. Не му било згодно.

Ако е вистина дека во чеченската делегација имало претставници на муслиманско марионетско здружение што го поддржува Кремљ…

Ако е точно дека гостите од Чеченската Република го посетиле и Тетово, каде што објавиле дека со општината се договориле за изградба на парк и споменик на Ахмат Кадиров, првиот претседател на Чеченската Република и носител на орден „Херој на Русија“…

Ако е точно дека во чест на милениците на Путин од Чеченија бил организиран и свечен ручек во елитен хотел во Скопје…

Ако е точно макар 10 отсто од она што го пренесува чеченската новинска агенција за средбата, Талат Џафери треба веднаш да си поднесе оставка.

Не утре, не вечер, туку сега, веднаш!

Ова е резил.

За недоветните, да објаснам зошто.

Ахмат Кадиров е татко на сегашниот чеченски лидер шеф Рамазан Кадиров, кој со своите трупи е еден од главните актери на руската инвазија на Украина. Кадировци за Путин ги вршат најбруталните операции во оваа валкана војна.

Толку е објаснувањето. Доволно ли е?

Детаљите како и зошто дошло до оваа средба лани, кој точно бил во чеченската делегација, дали јавноста не била информирана, кој го платил ручекот и слично, се од второстепено значење.

Поведението на собраинскиот спикер би било прифатливо само ако некако се докаже дека на средбата Џафери и гостите од Чеченија ја изразиле својата посветеност на заедничката цел, членство во НАТО и во ЕУ.

Чеченија е кандидат за членка на НАТО? Или е сојузник на Русија? Го знаел ли тоа Талат лани?

Дилемата дали Џафери е невин –  бидејќи лани не можел да ја предвиди руската агресија – исто така е нелегитимна!

Денес, во време кога во светот се цензурираат дури и дела на врвни руски уметници од минатото, претседателот на македонскиот парламент има обврска да поднесе политичка и морална одговорност и јавно да се покае за тоа што воопшто се сретнал со кадировци.

Некои од тие луѓе кои ги гледаме на фотографиите со Талат Џафери денес можеби војуваат во Украина. На страната на Путин, нормално.

Во секој случај, ова е скандал што сериозно ја комромитира Македонија во очите на нејзините западни сојузници. Одговорност мора да има. Итно!

Или сме НАТО или не сме.

Молим лепо.

И – сус бе керата!



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.