Македонија

СУДОТ ПРЕСУДИ: Македонија да му плати на Зоран Верушевски отштетa од 2,58 милиони денари поради претрпени душевни болки

СУДОТ ПРЕСУДИ: Македонија да му плати на Зоран Верушевски отштетa од 2,58 милиони денари поради претрпени душевни болки

Два милиони и 580 илјади денари ќе треба да му исплати државата на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, одлучи Основниот граѓански суд Скопје.

Судот донесе одлука со која тужбеното барање на тужителот е делумно усвоено. Со одлуката тужениот е задолжен на тужителот на име нематеријална штета за претпрени душевни болки на лични права – чест, углед и слобода, поради неосновано лишување од слобода – притвор да му исплати паричен надомест во износ од 2.580.000,00 денари, со законска казнена камата сметано од денот на пресудувањето – 4.11.2019 година до исплатата.

Поголемото тужбено барање на тужителот за разликата од досудениот износ од 2.580.000,00 денари до побаруваниот износ од 4.104.000,00 денари се одбива како неосновано, велат за МИА од Основниот граѓански суд Скопје.

Поранешниот разузнавач и советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски во тужба пред Граѓанскиот суд  бараше оштета од државата во висина од четири милиони и 104 илјади денари, односно околу 71.000 евра, за поминатите 344 дена во притвор за предметот „Пуч“ и за неовластено поседување на оружје.

Случајот „Пуч“ беше отворен во јануари 2015 година од претходната власт кога лидерот на СДСМ Зоран Заев почна да ги објавува „бомбите“

Во „Пуч“ осомничени „за насилство кон претставници на највисоките државни органи“, покрај Заев, беа и поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Бранко Палифров, вработен во Општина Струмица и Ѓорѓи Лазаревски поранешен вработен во МВР.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.