Занимливости

Судир во “мериот коалицијата”!? Обвинувања за бугаризација и лажење на народот!?

Зошто секој во Македонија мисли дека знае историја, праша на фејсбук поранешениот заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Петар Богојески?

Според Богојески, тврдењето на покојниот идторичар, академик Иван Кантарџиев, денес е повторувано од надри – историчари, дека првото име на Организацијата било БМОРК (Бугаро-македонско-одрински револуционеркомитет)!

Инаку причина за ваквата реакција на Богојески е колумната на поранешниот висок функционер на ВМРО ДПМНЕ и министер во неколку влади, Никола Тодоров. Во таа колума Тодоров пишува:

Д-р Христо Татарчев од Ресен е основачот на Македонската Револуционерна Организација. Бугарската историографија смета дека името на организацијата била Бугаро-Македоно-Одрински-револуционерни комитети. (БМОРК). И нашите историчари знаат дека името на организацијата во првите три години од нејзиното основање било тоа, БМОРК.

На ова тврдење на Тодоров, Богојески одговори на фејсбук: Првото име на Организацијата е МЦРК / ЦРМК (Македонски централен револуционерен комитет), а подоцна борбата за превласт помеѓу Централниот Комитет од Солун и Врховниот Комитет од Софија, прави во 1896 година да се појават различен тип на предлог Устави на ТМОРО или на БМОРЦК, на кој како му одговарало! За официјален бил прогласен тој на ТМОРО, а организацијата го добива тоа име, вели тој.

Според Богојески, секој си дозволува “спектакуларно” да ја соопштува “историска вистина. Тоа е исто како надри – лекари кои кажуваат како да се лекува канцер или надри – писари како да се застапува пред Суд, вели тој.

Инаку и Богојески и Тодоров се дел од групата на анти-мицковисти кои бараат оставка на лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Ваквиот настап на Богојески, кој го нарече Тодоров надри или квази историчар и го обвини за бугаризација, покажува дека постојат барем две крила кои се залагаат за промени во партијата.

Првото крило е мериот коалицијата, а второто е крилото на Николо Тодоров. Мериот коалицијата игра на картата Ивица Коневски или Никола Попоски, додека Никола Тодоров игра за Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци. Нападот врз Тодоров може да биде порака од мериот коалицијата до Тодоров, или, да биде обичен егзибиционизам на Богојески?

Македонија

Заболени
58,608
+1,157
Мртви
1,630
+30
Излечени
36,064
Активни
20,914
Last updated: 26/11/2020 - 22:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.