Балкан

СТУДЕН ТУШ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ КОИ УТРОВО ПОИТАА ЗА ГРЦИЈА ГИ БАЊАЛЕ У МЕЃУЗОНА ДА БИДАТ ЧИСТИ

Студен туш за македонските граѓани кои на првиот „слободен“ ден за Грција, уште од утрово поитаа да ја посетат таа држава.

Грчките гранични служби не ги пропуштаат македонските граѓани кои утрово, согласно најавите од Грција дека денеска ќе ги отворат вратите за Македонците кои исполнуваат одредени услови, тргнаа кон граничниот премин Богородица, со цел да влезат во Грција.

Но, таму ги затекна непријатно изненадување.

Имено, иако македонските гранични служби ги пропуштија нашите граѓани во граничната меѓузона, грчките гранични служби не ги пропуштаат возилата.

Многу граѓани на социјалните мрежи веќе реагираа за ваквиот проблем на кој наишле отклако утрово тргнале кон Грција.

Ова за Фактор го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

„Грчките служби што работат на граничнииот премин, велат дека се уште немаат добиено официјално извесување од грччките власти дека смеат да ги пропуштаат македонските граѓани. Тоа им го кажуваат и на нашите граѓани, а и нам ни дадоа такво образкложение. Нашите гранични служби, пак, со цел да не чекаат граѓаните, ги пропуштија во меѓузоната, но понатаму тие едноставнио не можат да влезат во Грција“, велат од МВР за Фактор.

Потенцираат дека работат на решавање на проблемот и веќе се водат разговори со грчките служби.

Како што е познато, претходната недела министерот за здравство на Грција официјално изјави дека Македонците на 14 мај, конечно, по година и половина, ќе може да одат во Грција со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација.

 

Како што веќе објави и Фактор, влезот требаше да биде дозволен и за граѓаните на Македонија, а правилата се исти како и за останатите странски туристи. Во земјата може да се влезе со потврда за вакцинација, со која било вакцина, со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, како за возрасни, така и за деца над 5-годишна возраст, додека за помалите не е потребен, како и со антигент тест со кој се потврдува дека лицето ја прележало болеста.

Но, она што е најважно, секој кој ќе сака да влезе во Грција, претходно ќе мора да пополни специјален формулар, т.н локатор за патници или PLF. 

Деталите и самиот документ може да се најдат на овој линк:  The Passenger Locator Form и за негово пополнување потребни се пасошите и сообраќајната дозвола, доколку се патува со сопствено возило.

Инаку, секој кој ќе пристигне во Грција, без разлика каква потврда има, може да биде избран за проверка со брз тест. Резултатите од овие тестови се готови по околу 10 минути. Оние што ќе бидат тестирани се должни да бидат во изолација додека не се добијат резултатите од тестот. Ако резултатот од тестот е негативен, изолацијата престанува, а ако е позитивна, домашниот карантин се одредува 14 дена.

 

Нашиот премиер Зоран Заев кој вчера беше во посета на Грција, на својот Фејсбук профил ги информираше граѓаните дека Грција од денеска офцијално ги отвара границите со нашата држава.

 

„Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела“, напиша Заев на својот фејсбук профил.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.