Македонија

Струмичката болница преполна, директорот се жали дека нема ниту место, ниту персонал

AМА ЗОКИ ЗАЕВ СИ ГО ИМАТЕ БЕ

Зголемениот број на заразени од Ковид-19 целосно ги исполни сместувачките капацитети во струмичката болница, дури и тие кои беа дополнително отворени, информира директорот д-р Наќе Гогов.

Покрај Инфективното одделение, кое е веќе полно и таму се лекуваат 15 пациенти со полесна клиничка слика, пополнет е и дополнителниот од 13 кревети кој беше отворен во поранашените хируршки амбуланти.

-Планираме да ги прошириме капацитетите со поставување на уште шест-седум кревети во другите амбуланти, кои се веднаш до хируршките. Но, засега најголем проблем ни е персоналот и тоа како лекари, така и сестри. Ги немаме доволно за да ја покриваат работата во овој оддел на Инфективното одделение, вели директорот Гогов.

Тој вчера побарал помош од заменик-министерот за здравство за обезбедување персонал за да се пополнат празните места за да може да се лекуваат ковид-пациентите.

-Со постојниот персонал повеќе не можеме и неиздржливо е да се постигне потребниот обем на работа. Веќе од среда очекувам да ни биде испратен дополнителен персонал за да може да се покрие и новиот простор што треба да се отвори за сместување на пациенти, додаде директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.

Инаку, проблемот добива уште повеќе на тежина, бидејќи двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација.

Македонија

Заболени
57,451
Мртви
1,600
Излечени
34,970
Активни
20,881
Last updated: 26/11/2020 - 19:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.