Свет

Струја и вода нема, им остана само воздух: Поради ракетни напади украинскиот главен град остана без вода!

Руската армија изврши нови ракетни напади врз структурите на украинската електрична мрежа. Според извештаните на украинските служби, напади имало во регионите Киев, Лавов, Виниција и Кировохрад.

„Целиот град е без струја. Чекаме дополнителни информации од енергетските експерти. Можно е да има прекини во водоснабдувањето. Останете во засолништа“, напиша градоначалникот на Лавов.

Регионот Чернихив исто така сега е без струја.

Гувернерот на Миколаевската област Виталиј Ким предупреди на „многу ракети“ кои пристигнуваат од југ и исток, јавува Би-Би-Си. Според УНИАН, Руската Федерација однела на небо најмалку 9 бомбардери Ту-95.

„Еден од инфраструктурните објекти во главниот град е погоден. Останете сокриени! Воздушната тревога продолжува“, рече градоначалникот на Киев, Кличко. Три лица загинаа, 6 се повредени, целиот град Киев е без водоснабдување, истакна Кличко.

Укрзаинската железница извести дека сите возови во Украина се запрени.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.