МакедонијаТОП

Стојчев се враќа на градоначалничката функција на Ново Село – нема законска можност за одземање на мандат

Боро Стојчев осуден за обид на шверц на цигари може да се врати на градоначалничката функција на општина Ново Село бидејки нема законска основа да му биде одземен мандатот.

Тој од штипска апелација доби намалување на казната затвор од 18 на 6 месеци и истата не се коси со законот за локална самоуправа кој мегудругото ги утврдува и причините кога му престанува мандатот. Казната е правосилна и не надминува 6 месеци како што обврзува законот

„На градоначалникот му престанува мандатот по сила на закон ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над шест месеци“, мегу другото стои во членот 54 од законот за локална самоуправа.

Имајки во предвид дека Стојчев речиси три месеци помина во притвор кои му се засметуваат како затворска казна тој до Божиќ треба да го напушти затворот во Струмица каде ја издржува казната. Сепак тој може да побара и одлагање на казната заради итни и неодложни обврски до Сдуијата за извршување санкции

„Штипска апелација освен на градоначалникот на Ново Село, ги намали казните и на останатите тројца и тоа на три месеци, кои веќе ги одлежуваат со притворот. Според струмичкиот Суд тие за некој ден треба да бидат ослободени бидејки казната им истекува,,

Стојчев со неговата сопруга, син, внук и пријател на 10 јули беа фатени пред македонско бугарската граница како превезуваат 3.300 штеки цигари во вредност од 3 милиони и 200 илјади денари. На главната расправа во струмичкито Суд, јавното обвинителство го преиначи делото од кримчарење во обид за пренесување непријавена стока и обвинетите ја признаа вината, но се жалеа за висината на казните во штипска апелација.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.