Балкан

Стан од 35 квадрати за 9.000 евра, погледнете како може токму вие да го купите

Една од најпосетените земји на светот е полна со задолжени луѓе, за кои многуте апаратмани сега не значат многу. Додека економијата тони, граѓаните се обидуваат да застанат на нозе.

Кога ќе слушнете дека некој има недвижнина во Грција, крај морето, тоа всушност звучи многу подобро отколку што навистина е. Становите во последно време не се посебно скапи, а посебно сега – откако владее пандемијата.

Имено, Грција е и премногу зависна од туризмот – изгледа дека се запустиле останатите економски гранки, а потоа следел ладен туш Во 2020 немало светски патници кои оставаа милиони евра во Грција и рентаа средени апартмани само да се капат во Егејското или Јонското море.

Становите зјаат празни, сопствениците живеат во градовите, и сега сакаат да ги продаат своите недвижнини на море. Фејсбук е дефинитивно полн со такви огласи. Се нудат станови од 35 метри квадратни за само 9.000 евра, додуша, крајно неуредени.

Кога како странец купувате недвижнина во оваа земја, секако би требало прво да се распрашате за вашите обврски кон државата, правни и парични.

Се на се, Грција е полна со апартмани кои не се издаваат, или генерално не се во функција. На социјалните мрежи пред неколку дена се појави оглас поврзан со продажба на недвижнина во местото Макригиалос. Има дневна соба, кујна и трпезарија, потоа 62 метри квадратни простор, а чини само 35.000 евра.

Исто така се наведува дека станот од морето е оддалечен 450 метри. Ова е место над Солун, баш како и некои други: Аналипси, Боцари, Мартија, Евангелистрија и слично. Меѓу огласите за разни сајтови можат да се најдат и следните односи на цена и квадратура.

Стан од 44 метри квадратни за 23.000 евра, или стан од околу 50 квадрати за неполни 30.000 евра. Исто така, се продаваат и недвижнини од 150 метри квадратни, во местото Пидна, за само 40.000 евра, но и модерен стан од 80 квадрати, чија цена е 110.000 евра. Тој се наоѓа во местото Никити, оддалечен само 60 метри од плажата.

Една од опциите која би можела да биде вин-вин комбинација е недвижнина од Кавала, од 52 метри квадратни, која се огласува по цена од 30.000 евра. Во огласот се наведува дека “има прекрасен поглед од терасата кон морето, дневна соба, кујна, спална соба и купатило”, како и дека станот е свежо реновиран.

Познато е дека има прилично голем број наши граѓани кои имаат недвижнини во Грција, а кои, поради ковид, биле оневозможени да ги посетат своите станови или апартмани.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.