Македонија

ССМ во понеделник ќе го блокира влезот на Скопје!

t

Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ на денешната седница одлучи да продолжи преку други форми на синдикален притисок, незадоволството да го изразува на улица.

„Во понеделник, од 7 часот до 10 часот ќе застанеме на влезот на главниот град Скопје на раскрсницата во населба Автокоманда на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна. Пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предлог амандманот на ССМ со кој треба да има пари во буџетот за усогласувањето на платите. Работниците не се задоволни од нивната продуктивност и ангажман за надминување на работничките проблеми, а на овој начин пратениците нема да можат да стигнат во Собранието за да наплатат патни трошоци, а истото важи и за владините министри кои се глуви за работниците и работничките барања во оваа криза“, соопштија од ССМ.

Оттаму информират дека работниците и граѓаните однапред треба да го планираат нивното движење во наведениот период и да ја избегнат раскрсницата на бул. „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“ или солидарно да се придружат на овој протест.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.