МакедонијаТОП

Средба Заев – Ахмети: Нема договор за влада ни денеска Зоки покакан…

Зоки Зоки не го лути Тај што треба да го молиш. Стара Дуи-ва поговорка

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 21:26 (+02:00)

Прашан дали преговорите се „запнати“ околу барањето на ДУИ за премиер Албанец и дали партијата инсистира на тоа, Заев кратко одговори дека ако навлезе во коментари, нема да помогне на преговарачкиот процес

Жалам, но денеска нема договор, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Собранието.

Тој најави дека преговорите ќе продолжат во следниве денови, изразувајќи задоволство бидејќи, како што рече, наративот на коалицискиот договор е стокмен.

„Верувам дека нема многу време да губиме во распределбата на ресорите, приближно знаеме кој каде е подготвен да земе одговорност, но сето тоа ќе значи и компарација со кадрите за кои ќе се разговара, но дефинитивно имаме уште многу да работиме во следниве денови. Се надевам дека тоа ќе биде час поскоро или ден порано“,

рече Заев.

Тој повтори дека повикот на Ахмети за средба со лидерите на сите политички партии од албанскиот блок ја разбира како притисок врз СДСМ, велејќи дека и претставниците на останатите етнички заедници можат да го направат истото.

„Ако поводот е Охридскиот рамковен довогор, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да се таму, и тие се потписници на Договорот кој се слави на 13 август“,

смета Заев.

Прашан дали преговорите се „запнати“ околу барањето на ДУИ за премиер Албанец и дали партијата инсистира на тоа, кратко одговори дека ако навлезе во коментари, нема да помогне на преговарачкиот процес.

Ахмети по средбата со Заев: Колку што сме блиску, толку сме и далеку од формирање влада

иту лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не сака да открие дали „каменот на сопнување“ во разговорите со СДСМ е нивното барање за премиер Албанец.

Прашан дали нивниот став е ДУИ да има премиер една година од мандатот, а останатите три – СДСМ, Ахмети рече дека не сака да ги оптоварува преговорите.

„Не сакам прв да го кажам последниот збор. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока и подготвени сме ова да го направиме за државата затоа што придобивка ќе имаат стабилноста и државата, како и доближувањето на заедниците“,

рече Ахмети.

Ахмети не одговори дали има спорни точки во преговорите бидејќи, како што рече, тие се на самиот почеток.

„Се надевам дека сите партии ќе имаат силна волја за да ги надминеме разликите и потешкотиите“,

вели Ахмети.

Како одговор на Заев, кој пред него изјави дека ниту денеска не постигнале договор за влада, Ахмети рече „колку што сме блиску толку сме и далеку од формирање влада“

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker