Македонија

СРЕДБА Мицкоски – Ковачевски во понеделник

Мандатарот Димитар Ковачевски, при неговото последно обраќање кон јавноста најави дека има намера да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ковачевски истакна дека со лидерот на опозицијата би сакал да разговара за сите оторени прашања, но не прецизира термин.

Од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека за поканата за евентуалната средба на Ковачевски и Мицкоски дознале од медиумите и дека сè уште не е пристигната официјална покана. Од партијата порачуваат дека Мицкоски ќе прифати разговор со мандатарот, но само на одредени теми.

-За покана за средба на Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дознаваме од медиумите и сè уште нема официјална покана за средба. Доколку има таква покана, средбата би била прифатена под услов да се разговара за следниот дневен ред: предвремени парламентарни избори како единствено оддржливо и кон граѓаните одговорно решение, содржината на одговорите на прашалникот 5 плус 1 кон Бугарија и позициите на Македонија и точка разно во која би спаѓало и разговор на темата сузбивање на криминалот и корупцијата“, појаснија од ВМРО-ДПМНЕ.

Дознаваме дека средбата веќе е предвидена во понеделник на првиот работен ден на новиот премиер Ковачевски, кој сакал да ја започне со дијалог со опозицијата. Дали Мицкоски ќе му даде легитимитет на неговиот мандат со таа средба, останува да видиме.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.