БалканСветСексСпорт

Србинка продава ДОМАШНО ВИДЕО на сајт за возрасни

Тенисерката со српско потекло Анџелина Граовац неодамна се најде во центарот на вниманието откако почна да го објавува својот приватен живот на сајт за возрасни, а сега пристигнаа нови информации.

Меѓу другото, австралискaтa тенисерка, со српско потекло заработува и со продажба на провокативна содржина на сајтот за возрасни – „Onlyfans“.

На Инстаграм ја следат нешто повеќе од 50.000 луѓе, а на споменатата платформа има и неколку стотици следбеници од кои најверојатно заработува.

 

 

Она што е интересно е дека Анџелина се „чекирала“ од Белград, каде пристигнала во првите денови од март. Тенисерката се уште престојува во Србија, а сега во строгиот центар на главниот град вршеше анкета за споменатиот сајт за возрасни.

 

 

На „Onlyfans“ луѓето ги продаваат своите интимни содржини со акцент на предизвикување, а функционира на претплата на оние кои сакаат да дојдат до неа, а сè попопуларен е меѓу атрактивните спортистки кои на тој начин полесно добиваат пари.

 

 

Во меѓувреме, таа го прошири својот бизнис на промоција на минијатурни костими за капење. Оваа 20-годишна девојка ја информираше својата публика на социјалните мрежи со фотографии за започнатата соработка и напиша дека фотографиите ги направил нејзиното момче.

 

 

Што се однесува до тенисот, девојката со српско потекло и понатаму е во „голема неповолна положба“. Има дури 46 порази и само девет професионални победи.

 

 

Според австралиските медиуми, таа нема победа повеќе од година и пол, откако последен пат триумфираше на почетокот на 2020 година.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.