Колумни

Спотот на ВМРО ДПМНЕ е една таква МИЗЕРИЈА како да е правен 1903та од Аскерот

Спотот на ВМРО ДПМНЕ како да го праеле клетите турци за време на Илинденско Востание!!!

 

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк

 

Што ви е гајле дали сме краделе?!

Што ви е гајле дали има правда?

Што ви е гајле дали затворите се полни?

Што ви е гајле што пола милион се иселија?

Што ви е гајле дали за 5 или 10 години земјата ќе банкротира?

Што ви е гајле дали сме нарачувале тепање, дали сме кревале објекти со динамит, дали има во земјава демократија и слобода?!

Што ви е гајле што сме слепо црево на балканот и во Европа?

Што ви е гајле што повеќето од нас се тешки криминалци и лудаци и психопати?

Што ви е гајле што сме слушале 20 000 народ и сме ја нарушиле нивната приватност?

Што ви е гајле што МВР било МВРО?

Што ви е гајле што со народни пари купуваме медиуми?

Што ви е гајле што партијата мести судии и обвинители?

Што ви е гајле што сме веќе 10 години на власт и малку ни е, уште сакаме да крадеме?

Вие гледајте си го лепчето, и држете си ја главата наведната, затоа што крената глава сабја не ја сече?

Тоа е рекламниот спот на ВМРО ДПМНЕ со патетичниот глас на актерот Владо Јовановски, кој до гроб ќе гине за режимот и за мафијата? Која бедна пробиштипска пичкетина, барем да имаше доблест да ја одбиеше тезгата барем за овие озбори кога е јасно дека работи за мафија, за лудаци, за стока тешка…

Какво бедно видео, какви бедни пораки, буквално го нудат на тацна она што го нуделе Турците во времето на Илинденското востание кога му нуделе на народот ропство, подјарменост, покорност, курварлак, за возврат да ги остават малку од малку на мира да си поживеат беден живот…

25 години по осамостојувањето, нема ни збор за демократија, слобода, идеали, право, еу и нато интеграции, ништо од тоа, само со големи букви МИСЛИ НА СЕБЕ, ТЕБЕ ТИ Е АРНО, ТЕ БОЛИ КУР ЗА СЕ ДРУГО!!!

ДПМНЕ се обраќа на тие 300 000 поврзани со администрација и уште 200 000 поврзнаи со режимски олигарси и странски инвеститори кои примаат преку партиски список.

Остануваат 1 200 000 гладачи да одлучат дали мафијата ќе ја добие заслужената казна за се што направија, за сите злодела и идиотштини и забегувања до бескрај!!!

Овој спот е всушност и автогол за режимот затоа што народот навистина знае што е подобро за него а тоа е ПАД НА РЕЖИМОТ И ЗАТВОР ЗА МАФИЈАТА И ВРАЌАЊЕ НА УКРАДЕНИТЕ ПАРИ!

Но проблемот е што многу од тие на кои не им е арно избегаа од земјава! Да беа тука, режимот ќе изгубеше со 30 пратеници разлика! Сега ќе изгуби само со 10 пратеници разлика, тоа не им бега!



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.