Македонија

Спасовски се уште не одлучил дали ќе ги проверува разболените началници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се уште не донел одлука дали ќе  преиспитува  од што се болни началниците и командантите, кои зеле боледување откако тој смени 11 раководни лица во МВР.  Во телефонски разговор за 24 вести вели дека ги знае сите законски механизми кои може да ги искористи и да провери дали е злоупотребено  боледувањето,но засега не размислувал за конкретни чекори.
spasovski_2602(1)
Доколку Спасовски  реши да провери дали боледувањето има покритие, мора да се обрати до Фондот за здравство, кој го има последниот збор, вели поранешниот портпарол на фондот Дејан Гацов.
Доколку е подолго од три дена не може да го продолжи боледувањето, само по видување на матичниот лекар. Доколку работодавецот во овој случај МВР, претставувано од Спасовски во овој случај се сомнева во било кое од боледувањата дали е веродостојно или не треба да побара од Фондот за здравствено осигурување да го исконтролира тоа боледување, односно МВР праќа претставка до ФЗО кој што преку својот сектор за контрола, преку своите контролори испитуваат прво кај матичниот лекар или специјалистот, изјави  Дејан Гацов- поранешен портпарол на ФЗО.
Првите луѓе на ЕБР, тигрите, ЦПС и ОПЕ, помошничката за внатрешна контрола и уште неколку началници зеле боледување после 29 септември, кога Спасовски реши да ги искористи можностите за кадровски промени согласно Пржинскиот договор. Речиси десет дена не се појавиле на работа. Доколку боледувањето е подолго од  две недели министерот  може да побара второстепена комисија да ги преиспитува и претходните решенија.
Според закон за здравствено осигурување доколку било кој вработен е подолго од 15 дена на боледување треба да се јави на првостепената комисија која ги разгледува документациите и да одлучи дали да продолжи боледувањето. Но доколку работодавецот се сомнева во првостепената одлука, може да побара од ФЗО кој го упатува случајот на второстепена здравствена комисија, изјави Гацов.
Спасовски има врзани раце и не може да ги смени поради боледувањата, но вчера им порача да се вратат на работа, бидејќи токму отсутните началници и не планирал да ги разреши.  Боледувањето  кое траеше околу три месеци го спаси од смена и екс началникот на 5та управа Горан Грујевски, осомничен во Тврдина, Трезор и обвинет за уништување на докази за нелегалното прислушување. Првиот ден кога Грујевски се појави на работа тогашниот министер за внатрешни Митко Чавков тргна од началничката функција. Но, според полициски извори, Чавков на заминување од министерското место го поставил Грујевски како помошник за координација во МВР, а тој потоа продолжил со боледувањето.
извор: 24вести


Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.