Македонија
Спасов: Овие избори ќе бидат референдум дали сакаме да се вратиме на Груевски
Ѓорѓи Спасов во вечерашното гостување на Топ тема рече дека локалните избори ќе бидат еден вид на референдум за тоа по кој пат сакаме да се движи Македонија.
-Од денот кога е формирана новата Владата, расте оптимизмот дека Македонија се движи по вистинската патека. Сите анкети покажуваат дека СДСМ има одредена предност, а за првпат Заев како лидер има значително поголема доверба од граѓаните отколку Груевски. Овие избори ќе бидат еден вид на референдум: дали сакаме да продолжат промените кои се случија на 11 декември или сакаме да се вратиме пред 11 декември, изјави Спасов.
