Занимливости

СОВЕТИ ЗА НЕГА, ГРИЖА И ПРАВИЛНО ЧУВАЊЕ КУЧЕ

  1. ХРАНА

– Избегнувајте на кучето да му давате зачинета премногу солена и блага храна. Избегнувајте свинско и мрсни оброци. Избегнувајте и кравјо млеко, доколку станува збор за мали кутриња бидејќи им е јако и им прави проблем со желудникот и со столицата, а може да му создаде и глисти.

На мало кутре најдобро е да му давате јогурт, варено телешко или пилешко или пак готова дехидрирана зрнеста храна адаптирана според потребите, возраста и растот.

– Број на оброци според возраста

– кутриња до 3 месеци, 4-5 помали оброци на ден

– кутриња  од 3 до 6 месеци, 3 оброци на ден

– кутриња од 6 до 12 месеци, 2 оброка на ден

– над 12 месеци, 1-2 оброци на ден

 

2 .ТЕМПЕРАТУРА КАЈ ЗДРАВО КУЧЕ

– млади кутриња 38,2- 39,2

– возрасни кучиња 38,0-38,5

 

  1. ВАКЦИНАЦИЈА ,ПРОЧИСТУВАЊЕ ОД ПАРАЗИТИ И ВИТАМИНСКИ ДОДАТОЦИ

– Апче за прочистување од внатрешни паразити (глисти) не смее да прими куче кое е помладо од 30 дена.

Апчето се купува во секоја ветеринарна амбуланта и се дозира според тежината. Едно апче е за куче од 10 кг тежина. Второто прочистување се врши една недела по првото.

Возрасно куче се прочистува од паразити еднаш до два пати годишно.

– Чистењето од болви и крлежи се врши со прашок неопетроид кај кутриња помлади од 40 дена. Ампулата неостомосан се раствара во литро и половина млака вода се прска кучето и по 10 минути се одмива и шампонира. Неостомосанот е за еднократна употреба и не е со продолжено дејство , т.е. помага да се решите  од болвите и крлежите во моментот и смее да се употребува над 40 дена старост. Притоа, треба да внимавате кучето да не се напие од течноста и да не му навлезе во очите.

-Ампулите кои се со продолжено дејство и се за месечна заштита можете да ги аплицирате 4-5 дена по бањањето. Се аплицираат долж рбетот и не се препорачуваат кај кутриња помлади од 5 месеци и под 2 кг тежина.

–  Пред да го вакцинирате кутрето треба да го однесете на ветеринарен преглед бидејки само здрава еднинка која е неколку дена претходно прочистена од надворешни и внатрешни паразити смее да се вакцинира.

Прва вакцина се дава на 40 дена по раѓањето, а ревакцината е после 21 ден, исто како и третата доза.

Ако од било која причина кутрето не е вакцинирано, а постаро е од 13 недели, се спроведува двократна вакцинација – вакцина и ревакцина за 3 недели.

Од првата вакцина и секоја ревакцина, младите кутриња не смеат 14 дена да се бањаат, да се изнесуваат надвор и да бидат во контакт со други животни. Ова не важи за редовната годишна вакцинација.

Од последната ревакцина задолжителна е вакцинација еднаш годишно во текот на целиот животен век на кучето.

Со вакцинацијата се спречуваат заразни болести кои можат да предизвикаат и смрт. Со редовна вакцинација се спречуваат следниве заразни болести:

– Штенечак, вирусна болест која за кутрињата може да биде фатална;

– Заразен кучешки хепатитис, вирусна болест предизвикана со аденовирус;

– Парвовироза и Парвоинфлуенца, вирусни болести на дишните патишта;

– Лептоспироза, бактериска инфекција.

– Куче во раст 3-6 месеци пожелно е да прима калциум или пак Ад капки. Доколку кучето го храните со сува храна треба да ја преполовите препорачаната доза на витамините бидејки самиот дехидрат содржи калциум и АД и е избалансиран за потребите на таа возраст. Природен извор на калциум е жолчката и лушпата од јајцето кои истолчени можете да му ги додадете во храната.

Витаминските додатоци не е пропорачано да ги давате на своја рака бидејки можат да бидат штетни доколку не се употребуваат и дозираат правилно. Пред да почнете со нив треба да се консултирате со ветеринар дали воопшто има потреба од нив.

  1. ХИГИЕНА

– Капете го вашето куче исклучиво со шампони и регенератори за кучиња, бидејки кучињата и лугето немаат иста ПХ вредност. Шампоните прилагодете ги според возраста,крзното и бојата.

Периодот мегу капењата е релативен , но не би требало кучето да се капи во период помал од месец дена.

Доколку кучето го капите дома  треба да внимавате да не му навлезе вода во ушите или пак можете да ставите тампони, а подлогата да не биде лизгава ставете некоја крпа во кадата.

– Четкањето, чешлаљето треба да биде речиси секојдневно со соодветни четки и чешли кое се купуваат во зависност од должината и густината на крзното. Со редовно чешлање го намалувате митарењето, ја подобрувате циркулацијата, а со самото тоа и квалитетот на крзното.

– Ноктите треба да се кратат на ветеринар

Веднаш по доаѓањето на кучето во вашиот дом, ќе се соочите со првиот проблем како да го научите да не ги обавува физиолошките потреби во домот. На возраст од околу осум недели, непосредно пред извршување на нужда, кутрето ќе почне да кружи на одредено место во домот. Тоа е знак дека се подготвува за нужда, и штом ќе го забележите тоа, веднаш изнесете го надвор.На почетокот, изведувајте го кутрето повеќе пати дневно, задолжително после јадење или спиење. После успешно извршена нужда надвор од домот, кутрето треба да се пофали. Ставањето на муцката во изметот со цел да се научи каде да ја извршува нуждата, нема резултат и ефект. Пожелно е преку ноќ, да се постават стари весници околу местото каде лежи кутрето, за да, ако случајно ја изврши нуждата на тоа место, хартијата да ја впие течноста. Треба многу трпение околу стекнувањето навика за вршење физиолошки потреби.Притоа, кутрето не треба да се казнува или да се тепа. Важно е да се напомене дека кутрето може да се изведува надвор исклучиво во вашиот двор, и тоа само после две недели откако ќе ги прими сите вакцини. Невакцинирано кутре е многу подложно на заразни болести кои лесно може да ги добие во контакт со други кучиња.

***

По навршените четири месеци старост, кутрето , според закон, треба да се вакцинира против беснило.

Задолжително е ставање на микрочип, постапка која е слична на вакцинација, при што чипот се имплантира под кожата на вратот на левата страна и засекогаш останува под кожа. Оваа постапка на кучето не му пречи и не предизвикува чешање, нелагодност или нервоза. Чипот содржи шифра од 15 знаци. Во пасошот се внесува истиот број на чипот кој е имплантиран во кучето, а воедно се внесуваат и податоци за сопственикот, па поради тоа многу е лесно и едноставно да се пронајде сопственикот на изгубеното или напуштеното куче.

Нема достапен опис



Македонија

Заболени
252,947
+2,071
Мртви
8,177
+11
Излечени
225,056
Активни
19,714
Last updated: 22/01/2022 - 01:30 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.