Црна Хроника

Соседите во шок: Еве како го опишаа сопругот убиец од Гостивар

Шеесетгодишната гостиварка Џ.И. утрово е најдена мртва во семејниот дом со повеќе рани од остар предмет. Осомничен е сопругот, 67-годишниот Б.И. по кој полицијата трага.

Соседите во шок: Еве како го опишаа сопругот убиец од Гостивар

Настанот видно ги вознемири повеќето соседи во гостиварската населба Бањешница кои од утрово се обидуваа да разберат што се случило во нивна близина. Повеќето беа зачудени од настанот, бидејќи како што рекоа, биле сосема нормални луѓе и ништо не навестувало дека утрово ќе има трагичен исход.

Од СВР Тетово информираа дека В.И. (30), син на починатата, утрово околу 06:40 часот пријавил дека на креветот во спалната соба ја пронашол неговата мајка без знаци на живот и со повреди по телото. По пријавата, екипа од полициски службеници и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар извршиле увид, во координација со екипа на крим техника од МВР.

Засега не е познато што довело до трагедијата, но неофицијално станува збор за расправија поради нарушени меѓусебни односи.

Во меѓувреме еден од соседите за МИА изјави дека, осомничениот, непосредно по настанот побегнал и дека се јавил во полиција. Тој рекол дека наскоро ќе дојде да се пријави. Од СВР Тетово не можеа да ги потврдат овие наводи и само посочија дека осомничениот по извршеното кривично дело е недостапен и се спроведуваат активности за негово обезбедување.

Издадени се наредби за обезбедување и прибирање на траги за натамошно вештачење и за обдуција на телото.

Македонија

Заболени
17,977
Мртви
739
Излечени
14,959
Активни
2,279
Last updated: 01/10/2020 - 06:41 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker