СветСпорт

Со заработка од 16 милиони дилари, кошаркарската ѕвезда денес проси по улици: Што довело до падот?

Замислете, во текот на својата кариера во НБА, кошаркарската ѕвезда Делонте Вест, заработил околу 16 милиони долари. Сега проси на улиците на Далас.

Денес изгледа непрепознатливо. Тој ги потрошил милионите кои ги заработил во текот на кариерата и започнал да се дрогира и опива.

Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан, му платил рехабилитација на Вест, а му помогнал и некогашниот соиграч Леброн Џејмс за тој повторно да има живот достоен за еден човек.

 

 

Меѓутоа, и покрај помошта, Делонте (38) изгледа се вратил на истото, а на интернет се шират објави и видеа од некогашниот кошаркар како проси.

Едно момче објавило видео од Вест на бензинска пумпа на кое се гледа како разговара со некогашниот кошаркар, а тој дури и се обидел да му објасни дека останал без пари откако се погрижил за секој член на семејството.

Мајката на ова момче го прашала дали ги инвестирал своите пари во нешто по кариерата, а потоа Делонте започнал да зборува.

 

 

„Се погрижив за својата фамилија и за нивните деца и секој од нив да посетува колеџ. Се погрижив секој од нив да има свој дом“, рекол Вест, а потоа мајката го прашала како е можно никој од нив да не му се оддолжи за сето тоа.

„Се борам сам. Не барам ништо за возврат“, кратко додал кошаркарот.

 

 

Делонте Вест во 8-годишната НБА кариера играше за Бостон Селтикс, Сиетл Суперсоникс, Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс. Беше кратко во Кина и Г лигата каде во 2015 година ја заврши кариерата.

Во НБА кариерата, 193 центиметри високиот играч просечно бележеше 9,7 поени, 2,9 скокови и 3,6 асистенции по натпревар.

.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.