Балкан

СО СОБЛЕКУВАЊЕ ЗАРАБОТУВАМ 15 ПЛАТИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ – Хрватката Јосипа брутално искрена

Јосипа Каримовиќ (25) од Винковци во Хрватска е меѓу најуспешните девојки на социјалната мрежа за возрасни OnlyFans, каде се соблекува и заработува пари од жешки фотографии и видеа.

За прв пат пошироката јавност ја дозна во 2018 година за време на шоуто „Женим сина“, а истата година беше и учесник во „Парови“.

– Профилот го отворив пред година и пол по барање на блиски луѓе. На крајот, се покажа како добра работа за мене затоа што сакам да правам провокативни фотографии. Се обидувам да им дадам разновидна содржина на моите обожаватели. Овој месец, без лажна скромност, заработив 15 просечни хрватски плати. Можеби дури и малку повеќе, но не би навлегувала во детали – рече Јосипа и додаде дека тоа го заслужува со оглед на напорот.

Јосипа досега извршила многу естетски процедури врз себе, но тоа не го крие.

– Ги поправив носот, градите, јаготките, усните и задникот, признала старлетата.

Неодамна ријалити ѕвездата зборуваше за најтешкиот период од нејзиниот живот.

– Некои работи им се случија на моите родители во мојот живот и навистина немавме пари. Одев во средно училиште и патував секое утро, секогаш добивав нешто малку за училиште, само доволно за да не бидам гладна. Се сеќавам на еден период, сите имаа најнови мобилни телефони, а јас имав стар на преклопување и се чувствував ужасно, вели таа

Македонија

Заболени
57,451
Мртви
1,600
Излечени
34,970
Активни
20,881
Last updated: 26/11/2020 - 21:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.