Живот

Со пола Македонија легнав за ова…Елена Ристеска славеше годишнина: „Да ме прашавте пред 18 години дали ќе успеам да го реализирам сето ова, ќе ви речев: „нема шанси“

Елена Ристеска славеше годишнина: „Да ме прашавте пред 18 години дали ќе успеам да го реализирам сето ова, ќе ви речев: „нема шанси“

Македонската пејачка Елена Ристеска својата музичка кариера ја стави во втор план и сега потполно е посветена на својот нов бизнис.

Имено, пејачката лансираше своја козметичка линија „ERA Cosmetics“ односно парфеми, а од неодамна и гелови за туширање.

Ристеска на социјалните мрежи често се фали со своите успеси од својот нов професионален живот, а како што истакна неодамна во едно интервју, најмногу е изнанедена што луѓето кои веќе купиле парфеми, повторно нарачуваат за нивни пријатели, роднини, колеги.

Овој пат, Ристеска славеше годишнина од започнувањето на бизнисот, а на Инстаграм напиша:

“После долгогодишно истражување и безброј состаноци,триста комбинации и прашања:
Kако? Што? На кој начин? Со која фабрика, кој технолог? Под кој редослед? Со кој производ? И уште многу други прашања… на денешен ден, 9ти мај 2019та(пред две години) ја отворив фирмата ЕРА козметика. Да ме прашавте пред 18 години дали ќе успеам да го реализирам сето ова, ќе ви речев низ голем страв од непознато: нема шанси. Но, ете ЕРА козметика успеа од идеја да создаде бренд, од замисла -реализација, од нацрти и скици -готови производи. Благодарна сум до сите кои помогнаа во остварување на овој сон, а најмногу до Господ што го овозможи“, напиша пејачката.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЕЛЕНА РИСТЕСКА

Под објавата се нижеа честитки и желби да постигнува уште многу успеси.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 22:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.