МакедонијаТОП

Снимај ме и поздрави ги тија што ме тражив да се врату, му рече Димитриевски на Костовски. Никој не те бара гз те гаѓам црн дебел немиен, му одговори пратеникот од СДСМ

насловот е променет

На денешната конститутивна седница на Советот на Општина Куманово се случи вербален инцидент помеѓу градоначалникот Максим Димитриевски и претседателот на општинската организација на СДСМ и пратеник Мартин Костовски.

Снимај ме и поздрави ги тија што ме тражив да се врату, му рече Димитриевски на Костовски. Никој не те бара, му одговори пратеникот од СДСМ

Додека течеше гласањето за избор претседателот на Советот, пратеникот Мартин Костовски, кој беше гостин во галеријата на салата, со мобилен телефон снимаше кој како гласа и тоа го пренесуваше во живо преку Фејсбук, со коментар дека „паднаа маските и Максо ги предаде своите“, алудирајќи на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ .

Очигледно, тоа го изнервира градоначалникот Димитриевски, кој од место на другиот крај на салата, му подвикна:

„Сними ме, убаво ме снимај, и поздрави ги тија што ме тражив да се врату назад“.

„Снимам те, снимам. Никој не те бара“, му возврати Костовски.

Комуникацијата на Димитриевски и Костовски, можеше да ја види целата кумановска јавност, бидејќи седниците се пренесуваат во живо на локална телевизија.

Снимањето со мобилен телефон и вклучувањето во живо преку социјалните мрежи на политичарите во последно време е се поактуелно, а многу често го практикува и самиот градоначалник на кого денеска тоа му засмета. Тој правеше пренос во живо кога го сопре полицијата и му направи технички преглед на возилото, па обвини дека е цел на политички и полициски прогон.

Димитриевки и Костовски се долгогодишни сопартијци во СДСМ, кои станаа политички ривали откако Димитиевски се кандидираше за независен градоначалник. Неодамна, потпретседателот на СДСМ Љупчо Николовски, изјави дека ќе работат на тоа да ги вратат сите сопартијци кои заминале од партијата меѓу кои и Димитриевски, на што тој им одговори дека тој никогаш не заминал од партијата за да некој го враќа и се уште е социјалдемократ.

Денеска, за првпат по 30 години од осамостојувањето на државата, СДСМ го изгуби Советот на Општина Куманово и за претседател е избрана советничка од независна листа на Димитриевски, со помош на ВМРО-ДПМНЕ. Сега покрај градоначалничката функција Димитриевски има и мнозинството во Советот.



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:45 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.