Живот

Снеже Велков искрена до болка: Ти се обраќам тебе докторе млад, што ѝ вети на баба дека ти ќе ја лечиш и излекуваш

Во ова време кога владее страв и несигурност поради кризата која ја наметна вирусот, секој мотивирачки збор на секој од нас му е добредојден. Водителката Снеже Велков напиша еден таков, на Инстаграм кој ги воодушеви нејзините следбеници.

Ти се обраќам тебе мал војнику, или сакаше полицаец да станеш? Или беше најдобриот фудбалер и мечтаеше да даваш голови на голем стадион?

Мечтаеше да имаш голем убав автомобил и шеташе ваму таму со божемниот телефон во рака додека договараше “бизниси”. Ти се обраќам тебе кошаркару, кој му се спротивставуваше на големиот баскет и иако скокнуваше само малку од земјата ти беше убеден дека само што не си закуцал!

Ти се обраќам тебе правдољубецу што и наспроти три глави повисокиот фраер од маало ти се спротивставуваше и се држеше до своето! Ти се обраќам тебе креативно мозоче кое во чкртаница ја гледаше најубавата куќа нацртана и сите ти аплаудираа колку е добра.

Ти се обраќам тебе иноватору кој секогаш го наоѓаше најскришното место да се сокриеш во криенка и мудро си молчеше каде си, смешкајќи се победнички!

Ти се обраќам тебе силен батка кој пред сите ги покажуваше големите мускули и не ти беа предизвик малите камчиња туку тие најголемите мораа да се помрднат од место.

Ти се обраќам тебе мајсторе што се зафаќаше да ги поправиш работите иако шрафцигерот беше поголем од твоето раче.

Ти се обраќам тебе супермену на мама, кој ја бацуваше мама да и помине и мрдаше со прстете заканувајќи се дека ке го истепаш тоа што ја боли мама?

Ти се обраќам тебе докторе млад, што и вети на баба дека ти ќе ја лечиш и излекуваш за да продолжи да ги прави најубавите пити!

Ти се обраќам тебе упорен инаетливко кој 100 пати падна од точакот ама не се откажа дур не научи да возиш! Ти се обраќам тебе и те прашувам..Кој ти ги у би соништата?

Кој ти рече дека не можеш, не смееш не знаеш? Кој ти ги исече крилјата? И кој ти кажа дека е нормално да се радуваш на малку.

Да се радуваш дека не е полошо? Кој те убедил дека си неспособен? Кој ти ја уб и надежта моќта непокорноста инаетот кој ти ја украде силата.

Како тоа медиокритетите управуваат со твојот ум а твоите идеи чучат како нејголем грев? Кој те убеди дека подобро ич да не пробуваш оти може нема да успееш?

А замисли да успееш! Замисли да можеш! Замисли да пробаш. Замисли да полеташ“, се зборовите на Снеже.



Македонија

Заболени
103,020
+233
Мртви
3,144
+7
Излечени
91,507
Активни
8,369
Last updated: 01/03/2021 - 17:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.