Живот

Смртта на младата Симона ја бранува македонската јавност

Си играме болници, си играме доктори, тука е проблемот. Не сакам, ви реков, политика не ме интересира, меѓутоа сакам ова да го надополнам со следново. Ако бевме ние ниекоја држава, нема да не пишуваат први на светот по број на починати… и ние уште ќе бидеме министри, уште ќе бидеме премиери и уште ќе глумиме нешто, вели таткото на младата Симона Ангелеска во изјава за телевизија Телма. Смртта на Симона Ангелеска за родителите е системски пропуст, за докторите корона последица.

– Претходниот ден Симона ми рече „Тато донеси ми пижами, да ги сменам“. И не знам зошто стално одев со автомобил, тој ден одлучив да одам со автобус. На клиника горе е хаос, нема кај да се паркираш. Ајде, викам, ќе одам со автобус, и така не се брзам, ќе го видам девојчево. Ми ѕвони бројот да ми каже дека починала Симона. Замислете како го соопштуваат тоа. Значи, какви родители се тие, размислуваат ли дека мене ми се јавуваат и викаат ти почина Симона. Има ли тој човек мене што ми се јави дете. И родител ли е, има ли нешто човечко во него да размисли како мене ми ја соопштува таа вест, вели таткото.

 

 

Шокот бил огромен за целото семејство. Мајката и сестрата на Симона лошата вест ја слушнале од Сашо. На документите кои ги добиле по смртта пишува дека на 23 март во утринските часови нагло се случиле неролошка симптоматологија, со болки во десна рака и нога и пад на сатурацијата поради што е ставена на неинванзивна вентилација. И покрај терапијата во 9 и 40 се влошува состојбата и има обиди за реанимација, но нема реакција и одговор, и во 10 и 15 е настапена смрт.

– Лекувана е по сите оние препораки за лекување на еден вака тежок пациент. Влошувањето се случува наутро со симптоматологија која никогаш претходно ја нема пројавено. Кога е интензивно реанимирана она на жалост без да ја прифати реанимацијата, вели докторката за Телма.

Таткото Сашо вели дека „проблемот е што си играме болници, си играме доктори.

– Не сакам ви реков, политика не ме интересира, меѓутоа сакам ова да го надополнам со следново. Ако бевме ние ниекоја држава, нема да не пишуваат први на светот по број на починати… и ние уште ќе бидеме министри, уште ќе бидеме премиери и уште ќе глумиме нешто, вели тој.

Од Министерството за здравство велат дека вонредниот инспекциски надзор не утврдил ништо по увидот во евиденциите и белешките за третманот на Симона.

– Жалосно е што ние не можеме да ги предвидиме… И покрај нејзините лоши парамери она е покриена со терапија. Ние не можеме да предвидиме, ни ние ни било каде во светот време кога би можел да се создаде еден таков тромб или еден веќе создаден тромб да „одлепи“ и да заврши некаде во циркулацијата, а најопасни се оние места во мозокот каде што се центрите за живот, вели докторката за Телма.

Родителите на Симона пак веќе покренале сопствена истрага. Гневни се на матичната, на докторката од 8-ми Септември што ја испратила на Клиника. Трагаат и по докторката од Кожна клиника која инсиситирала за трансфер на Симона, но сакаат да дознаат и кој бил дежурен вечерта на Инфективната пред таа да почине.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 05:14 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.