ЖивотТОП

Скромната Докторка Сузе – која е првата сопруга на Груевски Никола

retro

Пред да се ожени со сегашната сопруга Боркица, поранешниот Премиер на Република Македонија Никола Груевски, беше во брак со докторката Сузана Арбутина. Груевски беше во брак со Арбутина додека беше министер за финансии.

Таа е скромна и ненаметлива, а јавноста многу малку знае за неа, освен дека е успешна докторка на Клиниката за пулмологија во Скопје.

Во 2014 година, Арбутина беше меѓу 110-те професори и асистенти, потписници на јавното протестно писмо до тогашниот премиер.

Арбутина е омилена меѓу колегите и пациентите, и многу религиозна. Блиските пријатели за неа велат дека е многу весела, дружељубива и позитивна личност. Во слободно време, таа може да се види на јавни настани, најчесто на модни ревии во кои многу ужива.

Таа ги следи и концертите на познати пејачи од домашната естрада, а со дел од пејачите е и приватно блиска.

Колегите на клиниката за Пулмогија, каде што работи, велат дека Д-р Сузе е една од највредните, која неретко останува на работа надвор од своето работно време за да им помага на пациентите.



Македонија

Заболени
252,947
+2,071
Мртви
8,177
+11
Излечени
225,056
Активни
19,714
Last updated: 22/01/2022 - 00:15 (+01:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.