Живот

Скопјанката што го бувна “швалерот” ќе добие дебела тужба за клевета и душевна болка?!

Извесна Ф… на фејсбук направи карамбол со својот недостоен морален и етичен чин кон една жена, едно семејство, ставајќи ги сликите од неа и нејзиниот “неверен” сопруг на Фејсбук со законски непотврдени  обвинува

tuzba

Од извори блиски до семејството на таканаречениот “швалер” кој се обидел само да разговара со извесната Ф…  на Фејсбук дознаваме дека тој и неговата сопруга ангажирале адвокатски тим кој по добиените  материјали и лекарски уверенија кои ги собираат во моментов( за душевна болка и нарушен углед), ќе покренат тужба со голема материјална оштета и извинување од дотичната Ф…, која ги објави нивните фотографии, и со овој текст и објава им нанесе душевна, емоционална  и материјална штета. За целата работа е ангажирана позната скопска адвокатка која има искуство со ваквите правни случаи, и досега успешно завршила неколку. Ова би требало да биде поука до сите кои без проверка и со голем емотивен набој ги продуцираат сопствените проблеми вмешувајќи други луѓе на социјалните мрежи, кога самата мрежа дала опција за ефикасно решение на истите со можноста за блок и отфрлање на личноста која нуди разговор или пријателство. Посегањето по туѓата интима во креација на некаква сопствена приказна е недозволиво без  здрави докази, а и тогаш постојат институции за тоа, а не социјални мрежи.

Во претходниот артикл читавте:

Извесна Ф… на фејсбук направи карамбол со својот недостоен морален и етичен чин кон една жена, едно семејство, ставајќи ги сликите од неа и нејзиниот “неверен” сопруг на Фејсбук со законски непотврдени  обвинувања.

Во нормалните опшества социјалната мрежа не служи за уништување на нечии животи. Кој гарантира дека зборовите на Ф…. се вистинити, и дека навистина се се случило. Што станува ако се работи за клевета, за измислена приказна со намера да му се наштети некому. Што ако ова е класична “лажна вест” и подмолна намера. Ако се работи за неверство, тоа требало да се реши во директна средба, со докази, евентуално на суд, не на Фејсбук. Ако се решаваат сите швалерски, должничко-доверителски и други специфични односи пред судот на лажната јавност, влеговме во анархија и многу уништени животи.

Ф…. вели(цитираме):

Здраво другари. Ова е господинот С….. кој се оженил пред еден месец, ама има очајна потреба од друга матка, која не е во сопственост на жена му. И пред да помислите дека јас му го растурам бракот, треба да знаете дека тој сам си го растура, непокажувајќи ни минимум почит према таа што ја однел пред матичар и у црква. Да дечки, месец дена е женет. И му се е.е со други. Не е 25 години женет. Факинг еден месец. Каде умре лојалноста во 21 век? Кој систем на вредности го имаме? Промискуитет и разврат. Животински нагон, а требаше да бидеме над животните нели, бидејќи природата нè дарувала со разум. Ми се блуе. Немојте да мислите дека баш вашиот маж или дечко не е ваков. Од 100 жени кои ќе речат дека нејзиниот не е ваков, само 1 или 2 се у право. Па подобро е цел живот сама, отколку со некој чија кошула ќе ја пеглам за да го испратам на е.ење кај швалерката, а за возврат ќе ми донира сперма која ќе произведе деца. Ваквиот маж се вика инвитро без пари. И ќе глумам дека сум среќна пошо сум мажена, ќе глумам среќно семејство, за другите да мислат дека ми е добро. Не бе, не сакам фејк живот. Па и пет деца да имам со ваков и да немам кај да одам, пак ќе го шутнам, затоа што не сум психо без достоинство и карактер. Затоа што секоја што ќе остане со ваков дебил, под изговор ради детето е личност која ниту себе се сака, ниту пак ја гледа благосостојбата на детето на долгорочни стази. Дете во атмосфера каде владее неверство и нетрпение не може да израсне во среќна личност, колку и да се добри како родители. Лошата енергија се чувствува и влијае врз децата. Затоа ваков кретен би бил избришан како партнер од мојот живот во дел од секунда, а улогата на татко сепак никој не може да му ја земе.

 

А ако е во право, и се ова е вистина, нејзината разочараност и суета повредена, тогаш лекцијата мораше да му ја одржи без сликите од недолжната сопруга. Ефектот ќе беше ист.

Ф....е

 https://www.facebook.com/Dnevniagencija/

Македонија

Заболени
26,394
Мртви
897
Излечени
18,430
Активни
7,067
Last updated: 25/10/2020 - 08:41 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker