ЗабаваЗанимливости

Скопјанка раскажува за своето искуство – од економист, станав ориентална танчерка денсам по клубови

Обожавам стомачен танц. Од секогаш им сум се восхитувала на танчарките. Завршив Економски факултет имам 27 години, и работам во една приватна фирма.

Уште како мала обoжaвав да играм и да ги гледам професионални ориентални танчерки, од пуста желба се запишав на курс во едно скопско студио.

Прво од забава почнав да вежбам, но танцот прејде во страст и така почнав да настапувам со останатите девојки кои беа професионално ангажирани, раскажува скопјанка која сака да остане анонимна.




Посебноста на танцот се состои во специфични движења на стомакот и на женските облини со помош на кои се истакнува убавината на женското тело.

Благодарение на стомачниот танц, жената ја зголемува својата самодоверба и воедно ја открива егзотичноста на ориенталниот исток која го плени мажот.




-Првиот настап ми беше на роденденска прослава во една скопска кафеана. Изнендаувањето беше за еден 50 годишен господин.Неговото семејство не ангажираше.Се сеќавам одеднаш се исклучија светлата во кафанат и без никакава најава почна нашата музика.

Сите почнаа да сликаат и снимаат, раскажува анонимната ориентални танчерки.




Танчерките на своите настапи се облечени во Бедлех кои чинат и до 200евра. Тие настапуваат со со фереџиња, а за специјални прилики се користат и разни реквизити, како: крила, ладала, свеќници и сл. чија примена побарува одредени просторни и други предуслови.




-Често настапуваме како изненадувања на свадби, приватни забави…Настап од 20 до 30 минути чини 50 евра.Можам да кажам дека одлично се заработува, плус бакшишот.

Во принцип секаде кај што сме настапувла сме биле дочекано и испратени со голем аплауз, луѓето се среќни и весели застануваат и заедно со нас танцуваат.

За овие 3 години како што настапувам само еднаш ми се има случено непријатна ситуација.Човекот беше во години и под дејство на алкохол на една свадба се обидуаше да ме следи додека играм , постојано беше зад мене, но веднаш беше интервенирано од страна на неговите пријатели, раскажува скопјанката.




За време на настапот танчерките играат на еквидистанца од гостите, со тенденција секој гостин да биде удостоен со танцот. Танчерките не контактираат со гостите, забрането е допирање на танчерките, а по завршување на настапот го напуштаат подиумот и си одат.

За време на настапите танчерките секогаш се придружувани од човек, задолжен за обезбедување на предусловите за изведување на настапот и комуникација со присутните, велат од една скопкса агенција.




Овој танц е идеален начин за обликување на телото, доколку не сте љубител на потењето во теретана или пак сала за вежбање.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.