Црна Хроника

Скопјанка пријавила дека мажот и синот ја вознемируваат

Полицијата информира дека ги привела двајцата пријавени

Четириесет и две годишна жена од Скопје која времено престојува во Тетово ги пријавила синот и сопругот за повеќекратно вознемирување и закани.Полицијата по пријавата ги приведе двајцата.

Полицијата информира дека синоќа 42-годишната скопјанка пријавила дека нејзиниот 50-годишен сопруг и 19-годишен син, во текот на денот неколку пати ја вознемирувале во домот и ѝ се заканувале дека ќе ја убијат.

„Двајцата пријавени се лишени  од слобода на улица ЈНА во Тетово и задржани се во Полициската станица Тетово“, информираше денеска СВР Тетово.

Полициските службеници ќе ја продолжат работата за расчистување и документирање на случајот.

Македонија

Заболени
17,977
Мртви
739
Излечени
14,959
Активни
2,279
Last updated: 01/10/2020 - 06:11 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker