ТОПЦрна Хроника

СКАНДАЛ НА КОЈ ТРЕБА ИТНО ДА СЕ РЕАГИРА И ДА СЕ ПРЕВЗЕМАТ СООДВЕТНИ ДЕЈСТВИЈА!!!

На 20.02.2021 во 02 часот во врска со убиството на 67-годишната Д.М. во Струмица, еден од осомничените малолетници, "дете убиец" е сместено во малиот групен дом "25-ти Мај" организациона единица - Капиштец.

1h 
СКАНДАЛ НА КОЈ ТРЕБА ИТНО ДА СЕ РЕАГИРА И ДА СЕ ПРЕВЗЕМАТ СООДВЕТНИ ДЕЈСТВИЈА!!!
⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️
На 20.02.2021 во 02 часот во врска со убиството на 67-годишната Д.М. во Струмица, еден од осомничените малолетници, “дете убиец” е сместено во малиот групен дом “25-ти Мај”
организациона единица – Капиштец.
Дом во кој се згрижени ДЕЦА – ШТИТЕНИЦИ на установата.
ОСНОВЕН СУД СТРУМИЦА И ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА ОД СТРУМИЦА????
ПОТЕНЦИРАМЕ !!!
Меѓу децата штитеници згрижено е детето осомничено за убиство, без притоа невините деца да бидат заштитени од осомничениот дете-убиец.
Дали во улога на обезбедување е ставен дежурниот социјален работник?
Каде се тука Јавното обвинителство, Судот, Народниот правобранител, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Меѓаши, НВО, Амбасади,…
Треба ли да очекуваме следно убиство од истиот осомничен убиец ?!?

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на 67-годишната Д.М. во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници.

На 19 февруари, по добиено оперативно сознание во СВР Струмица дека во куќа во Струмица се извршени кривични дела разбојништво и силување, а врз основа на наредба од Основен суд Струмица, извршен е претрес во куќа на улицата „Балканска” во Струмица, каде е пронајдена мртва 67-годишната Д.М..

Преземени се мерки за расчистување на случајот и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување. Поради основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Убиство“, казниво по член 123 од КЗ, на 19.02.2021 година, најпрво, во Гевгелија е лишен од слобода малолетник (13 години), а потоа во Струмица малолетник (14 години).

По наредба на ОС Струмица, со цел обезбедување на дополнителни докази, извршен е претрес во домовите на осомничените.

Во просториите на СВР Струмица, во присуство на педагог од Центарот за социјални работи Струмица, родител и адвокат, извршен е службен разговор со осомничените, при што целосно е расчистено кривичното дело, а малолетниците со соодветен поднесок се предадени во Oсновното јавно обвинителство и во Центарот за социјални работи во Струмица, за понатамошна постапка согласно законската регулатива.



Македонија

Заболени
106,832
Мртви
3,185
Излечени
94,461
Активни
9,186
Last updated: 07/03/2021 - 06:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.