Занимливости

Скандал на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола

Со ова обраќање ние неколку професори на Факултетот за информатички и комуникациски технологии– Битола (ФИКТ), Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола (УКЛО) сакаме да ја запознаеме јавноста и надлежните органи и за голем скандал и грубо прекршување на академската етика со елементи и на кривично дело.

Се работи за прикривање и поттикнување на плагијаризам од највисоките раководители на универзитетот и факултетот.

Имено се започна со извештајот на Комисијата за оценка на магистерската работа од кандидатот Дејан Главевски со наслов Компаративна анализа на релациони и нерелациони податоци, работена под менторство на проф. д-р Виолета Маневска – до пред една година проректор на УКЛО. Темата е оценета како успешно изработена од комисија во состав проф. д-р Виолета Маневска од ФИКТ, проф. д-р Илија Јолевски од ФИКТ и проф. д-р Томе Димовски од ФИКТ.

На сериозните индиции дека оваа магистерска работа е плагијат, укажа проф. д-р Пеце Митревски на 26.07.2020 со порака испратена до сите професори на ФИКТ – Prilog1.pdf

На ваквата порака веднаш (уште наредниот ден на 27.07.2020) јавно реагира деканот на ФИКТ проф. д-р Александар Маркоски, со навестување на соодветни мерки

Picture1.png

По итното и ажурно проучување на правните акти уште наредниот ден деканот проф. д-р Александар Маркоски испраќа соопштение до сите вработени дека ќе ја запри постапката и ќе го извести за тоа ректорот.

Picture2.png

Навистина до овој момент, сите чекори се експресни и за поздравување и наговестуваа ефикасно справување со најголемата нечесност во академскиот свет – плагијаризмот.

Меѓутоа, по скоро четири месеци дијаметрално спротивна постапка на деканот проф. д-р Александар Маркоски, со образложение дека од РЕКТОРОТ на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски добил писмен НАЛОГ (кој не го покажува) дека постапката за одбрана на плагијат магистерската работа треба да продолжи и да се закажи јавна одбрана. Затоа на седница на Наставно-научниот совет на факултетот одржана на 13.11.2020 деканот Маркоски става точка – формирање на комисија за одбрана на магистерската работа на кандидатот Дејан Главевски.

Претходно двата членови на Комисијата за оценка на магистерската работа проф. д-р Илија Јолевски и проф. д-р Томе Димовски даваат писмени изјави дека не сакаат да учествуваат во комисијата за одбрана на магистерската работа. Но истите тие, не ја поништуваат претходно дадената позитивна рецензија на магистерскиот труд, туку само изјавуваат дека не сакаат да учествуваат во одбраната. Логично е ако сте одобриле некое академско дело и подоцна сте увиделе дека е плагијат да ја повлечете позитивната оценка или да барате негово преоценување!

Затоа, Деканот поднесува предлог за нова комисија за одбрана во состав:

1.       Проф. д-р Виолета Маневска од ФИКТ (менторот на кандидатот, која никако не сака да го признае плагијатот)

2.       Проф. д-р Цветко Андреески, декан на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) – Охрид. ЗАМИСЛЕТЕ – Деканот на ФТУ прифаќа да биде член во комисија на одбрана на сомнителна магистерска на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола???? ФТУ е матичен факултет на ректорот Коруновски, а деканот Андреески е негов најблизок пријател и соработник. Јасно е дека деканот Андреески прифатил да биде член на оваа комисија под притисок на ректорот.

3.       Проф. д-р Андријана Боцевска од продекан за настава на ФИКТ, која нема никаква допирна точка со темата бидејќи е МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР која докторирала во Бугарија на тема од областа ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО. Проф. Боцевска е блиска пријателка на менторката проф. Маневска. Јасно дека проф. Боцевска прифатила да биде член на оваа комисија под притисок на проф. Маневска.

Во режија на деканот Маркоски, ваквиот предлог лесно поминува на седница на Наставно-научниот совет на ФИКТ и сега се очекува одбрана на магистерската работа.

Овие колеги не ги поколеба ниту укажувањето од Универзитетот во Единбург (еден од водечките светски универзитети) дека се работи за плагијат.

Picture3.png

Со каков лик ќе се појавиме пред колегите од Универзитетот во Единбург и ќе ги известиме дека и покрај нивната реакција сепак магистерскиот труд беше одбранет, иако е плагијат. И каков впечаток ќе оставиме за реномето на УКЛО.

Ова ќе биде ПРВ СЛУЧАЈ во историјата на нашето високо образование, универзитетски професори и највисоките раководители на еден универзитет/ факултет (кои треба да ја чуваат академската етика) да СТИМУЛИРААТ плагијаризам.

Затоа бараме надлежните институции ВЕДНАШ да преземат мерки, да ја запрат постапката за одбрана на магистерската работа. Да утврдат дали има кривична одговорност за поттикнување, прикривање и овозможување плагијаризам и поведат соодветни постапки.

Но покрај кривичната има и морална одговорност и ако имаат барем малку академска доблест инволвираните професори (Виолета Маневска, Сашо Корновски, Александар Маркоски, Цветко Андреески и Андријана Боцевска) треба да дата образложение пред Наставно-научниот совет на ФИКТ и Сенатот на УКЛО ЗОШТО прикриваат, поттикнуваат и овозможуваат плагијат. Носителите на функции по ваков скандал секако дека треба да си поднесат оставки од морални причини.

Со оглед на итноста на случајот покрај до надлежните институции Државниот просветен инспекторат и Државната комисија за спречување на корупција, поднесокот јавно го објавуваме бидејќи се плашиме дека ќе биде прикриен со оглед дека во овој СКАНДАЛ се вклучени највисоките раководители на универзитетот/факултетот.

Заради ваквите постапки, битолскиот универзитет се наоѓа во најлоша состојба од неговото формирање. Според бројот на студенти и рангирањето се наоѓа зад штипскиот и тетовскиот државен универзитет, а во некои елементи и зад некои приватни универзитети.

Време е да се стави крај на академската нечесност и плагијаризмот. Неодамна видовме не само во повеќе наврати во Европа туку и во нашето соседство (во Србија) дека на видни политичари и личности им беа поништени дисертациите заради плагијаризам. А на УКЛО и ФИКТ, Ректорот, Деканот и дел од професорите го прикриваат и стимулираат плагијаризмот.

Но, за крај да анализираме ЗОШТО највисокото раководство на УКЛО го става на коцка својот академски углед, заради студент – препишувач.

1.   Зошто ректорот проф. д-р Сашо Коруновски се стави во одбрана на плагијаристот и лобираше кај деканите на ФИКТ, проф. Маркоски и ФТУ, проф. Андреески „да се заврши работата“?

2. Зошто Деканот на ФИКТ – Битола проф. д-р Александар Маркоски се стави во одбрана на плагијаристот и ја организира целата работа „да помине“ на ФИКТ?

3.      Зошто Деканот на ФТУ – Охрид проф. д-р Цветко Андреески прифати да биде член во проблематична комисија на неговиот не матичен факултет?

4.   Зошто менторката на кандидатот проф. д-р Виолета Маневска, кога увиде дека е измамена од кандидатот Дејан Главевски (навистина е тешко секогаш да се утврдат плагијатите и не може вината да се префрли на менторот) не ја запре постапката?

5.      Зошто професорката Андријана Боцевска го ризикува нејзиниот кревок академски углед и кариера, да и помогне на својата пријателка Маневска?

Во кулоарите на ФИКТ се озборуваат две причини ФИНАНСИСКА И ПОЛИТИЧКА (кои најверојатно се испреплетени):

Постојат сериозни индиции (кои ќе ги обелодениме пред надлежните истражни органи доколку се поведе истрага) за личен финансиски интерес на менторката Маневска од кандидатот. Заради тоа проф. Маневска го иницираше целиот редослед на настани за прикривање на плагијатот. Виолета Маневска до минатата година беше проректор на УКЛО, во првиот мандат на ректорот Коруновски. Мандатот на Маневска и Коруновски беше проследен со серија скандали, меѓучовечки расправии па дури и меѓуетнички инциденти кои беа јавно објавени во медиумите во 2017. Затоа сметаме дека заради заедничкото (валкано) минато Маневска влијаела врз Коруновски да со својата моќ го прикрие плагијатот. А можеби и цела оваа група инволвирани професори има директни или индиректни финансиски интереси?

Дејан Главевски беше две години вработен во Ректоратот на УКЛО како информатичар. Дејан Главевски е истакнат активист на СДСМ во Битола (https://www.facebook.com/dejan.storm) и беше вработен по ургенција од СДСМ. Ректорот Коруновски е избран во 2015 година под силно лобирање на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2019 при повторниот избор за ректор, комплетно ја смени страната и беше повторно избран за ректор со силно лобирање на СДСМ. Поддржан од тогашниот генерален секретар Кирацовски, претседателот на ОО на СДСМ Битола Златко Ќурчиевски (чија сопруга е вработена на Технички факултет – Битола и одамна требаше да и престане работниот однос бидејќи не успеа да докторира), Сашо Додовскипретседател на ПРОГРЕС Институтот на СДСМ (братучед на ректорот Коруновски, од минатата година ангажиран како доцент на Правен факултет – Кичево и покрај не соодветниот докторат), градоначалничката Наташа Петровска (чии најблиски соработници се Сашко Додовски и Златко Ќурчиевски). Можеби ректорот сега исплаќа стари долгови (преку прикривање на плагијаризмот на активистот на СДСМ) кон неговите партиски ментори од СДСМ кои му обезбедија уште еден мандат.

Проф. Маркоски е избран за декан на ФИКТ како единствен кандидат под силно лобирање на ректорот Коруновски. Проф. Маркоски е симпатизер и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ (учествувал на повеќе нивни партиски трибини), а неговата сопруга Рамона Маркоска (исто така вработена на ФИКТ во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ) до пред три години беше Советник во Советот на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. И овој професор за да добие функција ја смени страната и стана декан со силна поддршка од ректорот Коруновски и СДСМ. Затоа сега мора да ги исполнува наредбите од ректорот.

Проф. д-р Цветко Андреески е избран за декан на ФТУ-Охрид во 2015 по изборот на проф. Коруновски за ректор. Проф. Андреески е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, до минатата година член на највисокото раководство –  Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. И деканот Андреески минатата година го напуштил ВМРО-ДПМНЕ и под силно лобирање на ректорот Коруноски повторно бил избран за Декан на ФТУ-Охрид. Затоа и тој сега мора да ги исполнува наредбите од ректорот, иако и претходно (долги години) тие се најблиски соработници.

 Заради ваквата состојба бараме веднаш да се отвори предмет од страна на

          Државниот просветен инспекторат

          Државната комисија за спречување на корупцијата

          Јавното обвинителство по допрен глас да испита дали има кривична одговорност.

Но морална/ академска одговорност МОРА да има. Овој случај нека биде ПОВОД да почнува да се расчистува со корупцијата во високото образование. Материјална, но уште по битно со нашироко раширената нематеријална, базирана на принципот јас тебе – ти мене, Само на тој начин можеме да го подобриме квалитетот на високото образование. Според webometrics најдобриот македонски универзитет (УКИМ) е рангиран 1556 во светот (УКЛО е 5656 во Светот, 5 во државата) – споредете ги овие бројки со рејтинзите на пример во спортот и ќе ви стани јасно колку е лошо високото образование во Македонија.

 Со оглед на позициите и моќта на инволвираните се надеваме дека имате разбирање зошто одлучивме да се обратиме анонимно.

За потврда и истражување на автентичноста можете да контактирате со сите споменати професори.

постои пообемна документација и фото



Македонија

Заболени
88,938
+189
Мртви
2,702
+6
Излечени
73,601
Активни
12,635
Last updated: 17/01/2021 - 22:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.