Иако календарски зимата половина помина, а не видовме некои екстремни зимски температури и снегови, веќе од деновиве метеоролозите најавуваат вистинска зима со снег и ниски температури! Затоа ДОКАЗМ го истражуваше пазарот да откриеме какви пелети се нудат на потрошувачите.
Сретнавме многу брендови,домашни и странски:вардар пелет, Даути пелет, Еко Лајф пелет,Спароу пелет и многу други. Од сите овие нај рекламирани се оние ЕКО ЛАЈФ пелети,за кои производителот уверува во декларацијата дека се од 100% буково дрво! Но нашето истражување покажа дека се работи за ,,чиста превара” на потрошувачите!
Секојдневно се увезува заболен сув бор од Бугарија и од него се произведуваат Еко Лајф пелетите,што може да се види и од фотографиите во кругот на фабриката на Еко Лајф! Бор,бор и само бор! Следуваат и коментарите на преварените потрошувачи! Но каде е тука Државниот пазарен инспекторат,кој треба да се грижи за квалитетот на производите на пазарот??? Или дечки забрането ви е да извршите инспекциски надзор во Еко Лајф?? Ќе ви се налути Љупче Николовски…
