Македонија

Скандал е тоа што политички лидери прават состаноци во Влада и ја партизираат

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е скандалозно тоа што премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денешната средба со претставниците на политичките партии дел од владината коалиција ја одржа во владината зграда и на тој начин, според партијата, ја партизирале Влада.

Лидерите на политичките партии дел од Коалицијата на власта не се владини функционери, ниту министри за да се среќаваат во Влада и да држат коалициски состаноци. Владата е за владини состаноци, на премиерот и министрите, а не за претседателот на СДСМ, Ахмети и нивните коалициски партнери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија го прозива премиерот и дека бега од избори само за да остане на власт, откако тој на прес-конференцијата порача дека владината коалиција е стабилна и нема потреба о предвремени парламентарни избори зашто тоа нема да ги реши проблемите на граѓаните.

Ковачевски покажа дека нема капацитет да води во кризни моменти, и иако знае дека нема знаење да ја извади државата од криза од себични причини не сака избори, само за да остане на власт и да може да краде. Ковачевски не кажа ниту што мисли за францускиот предлог. Дали Ковачевски мисли дека некој му верува кога вели дека не знае кој е францускиот предлог или дека не го видел. Во однос на кризите, особено енергетската во делот на струјата оваа влада е најодговорна. Тие правеа криминал во РЕК и ЕЛЕМ, за сега да не се произведува доволно струја, која се покрива со скап увоз. Сиромаштијата која е се поприсутна е вина на СДСМ и ДУИ. Народот плаќа и до 100 отсто поскапа храна, велат од ВМРО-ДПМНЕ повторувајќи го нивното барање за предвремени избори.

Вакво барање опозицијата испрати и на синоќешниот протест пред Владата од каде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека доколку нема избори ќе има целосна блокада на државата.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.