Македонија

СЈО се враќа во УБК, се чека странскиот експерт

 janeva-vo-mvr-1-1

Специјалното јавно обвинителство како што синоќа најави обвинителката Ленче Ристовска денеска треба повторно да се врати во Управата за безбедност и контраразузнавање за да продолжи со својата работа. Според неофицијалните информации остатокот од ноќта во УБК поминал мирно, откако обвинителите и истражителите на СЈО се повлекува и остана министерот Оливер Спасовски да обезбеди спречување на евентуално уништување или изнесување на информации и материјали или опрема од УБК. Вчера истражителот на СЈО беше избркан од УБК.

Се очекува во УБК да се појави и претставник  од централата на фирмата Ериксон, кој треба да помогне во вадењето од системот, на останатите материјали што СЈО треба да ги земе согласно судската наредба. Како што најави Катица Јанева, експертот треба да го обезбеди УБК, а засега нема потврда дали тоа ќе се случи денеска.

СЈО вчера соопшти дека одзеле дел од бараните податоци од УБК.

„Одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите“, информираа вчера од СЈО.

Вчеравечер еден од истражителите на СЈО беше и приведен во полициската станица „Беко“ по налог на обвинителот Марко Зврлевски, додека ја фотографирал куќата во која според неофицијалните информации живее поранешниот директор на УБК, по што Јанева отиде во полициската станица, а со неа си замина и и истражителот.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.