Македонија

СЈО останува во Охрид, да ги приведува сведоците кои не се јавуваат

mkd-254860-1-696x467

Истражители на Специјалното јавно обвинителство остануваат во СВР Охрид, каде чекаат на распит да се појават околу 200 членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот со донаторските процеси на партијата, во периодот на изборите во 2014-та година.

Од партијата пак и натаму го бојкотираат СЈО и не одговараат на нивните покани. Велат дека не го признаваат нивното работење и дека ќе се бранат со граѓанска непослушност.

Според законската обврска пак, поканетите на распит се обврзани во рок од три дена да се пријават во СВР а доколку тоа не се случи, тогаш обвинителството со својата надлежност во полициски придружување ќе ги повикува од домовите еден по еден лицата кои мора да одговарат пред обвинителите.

Телевизија 24 од неофицијални извори дознава дека од вечерва во Охрид е најавено присилно повикување на сведоците наведени во истражната постапка. Меѓу нив се истакнати раководители, директори на институции и актуелните пратеници Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

 



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.