Живот

Сите бегаат на море, само Ребека скромно летува во Македонија, објави слика каде се разладува

Ребека и нејзиниот сопруг Милан Ристески се родители на три сина: Маркијан и Доротеј и Макариј кои се близнаци.

Маркијан има 15 години и боледува од ретко заболување со кое Ребека, Милан и целото нивно семејство успешно се борат.

За лицата со ретки болести, и за нивниот пат, Ребека секогаш отворено зборува на Фејсбук.

-Очекувам имплементација и усвојување на националната стратегија за лицата со ретки болести. Очекувам почист воздух следната зима, ревидирање на Преспанскиот договор и враќање на достоинството на народот во Македонија.

Повеќе закони кои во пракса дека ќе се спроведат, подобар статус на асистентите на лицата со попреченост, поголема сплотеност на здруженијата кои ги застапуваат лицата со попреченост и подобра образовна програма за нашите деца воопшто, независно дали се со типичен или нетипичен развој“, напиша таа во една прилика.

За порталот majkaidete.mk, Ребека зборуваше како се организира околу домот, наставата, децата, работата, и сека новата ситуацика ја натерала да работи повеќе професии одеднаш.

-Секој работен ден, од понеделник до петок ми почнува во 7 и 15 часот – со џогерот.

Морам да го пребришам подот во целиот стан особено сега, откако го имаме новиот член во семејството кој пушта многу влакна, пред да станат децата и да почнат да трчаат низ куќа со своите боси ноџиња.

Потоа си правам кафе кое обично не го испивам или пак го пијам два саати, заборавајќи го одвреме навреме на различни места низ станот.

Претежно сум сама со тројцата, освен ако Мики не оди тој ден подоцна на работа, па во меѓувреме го носи кучето на прошетка.

Близнаците стануваат и се облекуваат сами, а на Маркијан за ова сѐ уште му треба помош, па му помагам да се облече, да ги измие забите, да ги испие лековите, им спремам појадок, иако понекогаш близнаците знаат и самите да си направат нешто, и почнуваме со онлајн наставата.

Тие седат на маса и учат од еден компјутер, а бидејќи се сега во фаза на описменување и учење на ракописни букви и математички операции, морам да надгледувам цело време.

Учиме во просек до кај 11 часот, потоа правиме малку пауза, а потоа гледам веднаш да го напишат и домашното.

Дури и во време на пандемија не отстапивме од своето правило: таблет може само во петок и сабота по два часа и во ниту еден друг ден.

Потоа, ако не сум направила ручек од вечерта, го готвам ручекот за тој ден’, изјави Ребека во времето на онлајн наставата.

Додека во овој период повеќето се на море, Ребека со семејството летува во Македонија и објави слика од Општина Ресен, каде што покажа дека со семејството се разладува на 17 степени.

Ребека е доказ дека може и скромно да се помине на летување, и тоа во татковината.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.